Запрашан Стевчо Јакимовски за тоа дали и колку должи Општината, тој не одговори директно. Во неговиот препознатлив арогантен стил почна да обвинува за тоа колку должеле другите.
Епа господине Стевчо Јакимовски, како човек кој доаѓа и живее во Карпош, како човек кој секојдневно комуницира со граѓаните на Карпош, не интересира колку ја задолживте како градоначалник вие општина Карпош?
Дали молкот за долгот, од ваша страна значи и потврдување господине Јакимовски?!
Потврдувате ли дека немате пари во општинската каса за да ги исплатите градежните компании, потврдувате дека една од компаниите веќе покренала и судски спор со цел да си ги наплати парите?!
Ве повикуваме јавно да излезете да кажете колку изнесува булата во буџетот и дали и колку компании ве тужат за неплатени побарувања?
Имате ли пари да ги платите истите?
Како Градоначалник на општината сте должни да им објасните на граѓаните како менаџирате со нивните пари? Објаснете и им дали и должите на некоја од невладините организации кои организираа кароке забави со општински пари или нив за разлика од градежните компании уредно им ги исплаќате долговите?
Ваквото недомаќинско однесување ќе биде казнето од страна на граѓаните на Карпош!