17 June 2012

22 години ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ на 17 јуни одбележува дваесет и две години од своето формирање. Дваесет и две години од нашата визија за Македонија. Низ овие години заедно со својот народ ВМРО-ДПМНЕ помина многу. И лоши и добри моменти и денови на среќа и радост и денови на тага. Но најважно е што заедно се поминуваа тие денови! Денес стоиме свои на своето, посилни од било кога, единствено заради тоа што бевме и останавме заедно со својот народ!!! Никогаш не ги потценивме неговото мислење и неговите чувства! Никогаш !!!


Луѓето кои го создадоа, идеолозите на ВМРО-ДПМНЕ имаа долга лична политичка историја на прогонства и апсења само затоа што во периодот од 1945-та до 1990-тата веруваа дека Ние треба да имаме сопствена држава, со која самите ќе раководиме и ќе ја градиме, и цврсто веруваа во идеалите на историскато ВМРО.  Тие луѓе немаа ниту државни, ниту во тоа време партиски функции, но имаа ХРАБРОСТ и ПАТРИОТИЗАМ., ВМРО-ДПМНЕ е партија на народот, а не на елитите!

По формирањето, ВМРО-ДПМНЕ беше првата партија која официјално се изјасни за самостојна македонска држава. Следуваа првите повеќепартиски избори, на кои нашата партија беше победник, но вистинскиот победник беше нашата идеја и храброста да се говори и работи за таа идеја.  Се состави парламент со најголем број народни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој парламент и таа Влада, во која доминираа луѓе зад кои застана ВМРО-ДПМНЕ, успееја на мирен начин да ја формираат АРМ, да формираат македонска полиција, да го спроведат референдумот за независност на Р. Македонија, да воведат сопствена валута, да го донесат Уставот на Република Македонија.
Следуваа години во деведесеттите кога по рушењето на првата експертска влада, СДСМ како наследник на Комунистичката партија ја преземе власта и раководењето на земјата кое траеше долги 6 години, во кои се случија приватизацијата во која СДСМ си донесе такви закони со кои можеше легално да го разграби државниот имот, се случи ТАТ и ограбувањето на илјадници граѓани, се случи ФИРОМ и последиците  од тоа ги чувствуваме и денес, се случи промената на знамето на Република Македонија, се одложи денационализацијата. Останаа заробени над 1 милијарда  марки пари на граѓаните, се намалија пензиите за 8%, имаше енормна инфлација до 1996 година и обезвреднување на имотот на граѓаните. Се создаде маса невработени со 40 отсто невработеност, се создадоа стечајците. Помал е проблемот што во овој период ВМРО-ДПМНЕ беше опозиција. Поголем е проблемот што земјата во клучен момент беше оставена во рацете на луѓето кои ги создадоа олигарсите во Македонија и кога сите земји од источна и централна Европа, земјите од соседството се развиваа, Македонија уназадуваше. Потоа следеше враќањето на власта на ВМРО-ДПМНЕ и нова етапа во историјата на партијата, исполнета и со многу позитивни работи, како што беше на пример потпишувањето на договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ, но и со многу грешки, заради кои народот го казни ВМРО-ДПМНЕ на изборите во 2002-та, и му даде нова шанса на Црвенковски.
Следуваше уште еден тежок дел од историјата на ВМРО-ДПМНЕ  во периодот помеѓу 2003-тата и 2006-тата. Период во кој ВМРО-ДПМНЕ направи сериозна внатрешна реформа, која реформа на моменти на многумина им се чинеше толку остра и болна, што кај многумина донесе и сомнеж за опстанокот на партијата. Но, членството на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја покажа својата сила, моќта за правилно расудување, и осет за избор во клучен момент за да се излезе и од најтешката ситуација, и да се победи, да се стане посилен од било кога, заедно со нашите коалициони партнери кои вечерва се тука со нас и ги поздравувам.
Поминувањето низ таа транзиција, ја врати силата на партијата. Транзицијата и реформите низ која помина ВМРО-ДПМНЕ, кои беа многу тешки и болни, до ден денес  не им се случи на СДСМ и тоа е една од главните причини за разликите кои ги имаме дури и денес во однос на поддршката од граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ по катастрофалното владеење на СДСМ ја доби поддршката од граѓаните. Нашата основна придобивка како партија е тоа што останавме блиски до обичниот народ, оној кој секојпат умее да ја препознае вистинската страна.

Ние бевме и ние останавме народна партија.

ВМРО-ДПМНЕ прерасна во модерна, демократска и современа политичка партија, чија највисока цел е напредокот на Република Македонија. Со тоа покажа дека е голема партија, способна за победи.

Во овие години ВМРО-ДПМНЕ никогаш не отстапи и секогаш се бореше за демократија, граѓанска слобода, почитување на религијата, човековите права и приватната сопственост.

Ние не скршнавме од тој пат, затоа што имавме цврсти темели, затоа што нашата традиција, нашите наследени идеали беа вистински и непоколебливо се бориме да ги оствариме.

ВМРО-ДПМНЕ и кога ја има одговорноста пред граѓаните има сила да се реформира, тоа е така затоа што е партија на голема енергија, енергијата на народот! Партија на големи одлуки, големи проекти и големи реформи! Партија која не бега од одговорност и која се зафаќа со се она во кое верува дека ќе им донесе подобро на нашите граѓани!!! Со ВЕРБА во себе, со СВЕЖИНА и СОЛИДАРНОСТ кон другите!!!

ЧЕСТИТ РОДЕНДЕН !

Превземено од ВМРО-ДПМНЕ