30 March 2019

(ФОТО) ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош официјално го отвори местниот комитет во Нерези


Денеска официјално го отворивме нашиот Местен комитет во Нерези. На отварањето присуствуваше раководството на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош, како и голем дел на членови и поддржувачи. Иако претесно, и внатре и надвор, владееше одлична атмосфера и синергија помеѓу големиот број присутни. Сите со една и единствена порака до оваа ненародна Власт „Ќе Победиме“.

28 March 2019

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош Тони Јаревски оствари средба со просветните работници

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош Тони Јаревски во текот на вчерашниот ден оствари средба со просветните работници. На средбата се разговараше за актуелните случувања во образованието. 

Одржавме средба со докажани и искусни просветни работници. И покрај тоа што се трудам да ги пратам случувањата во образованието, сеуште сум шокиран од тоа со што се соочуваат овие луѓе денес во работата. Какви се тоа наметнати решенија, килави имплементации, нефункционални програми, необмислена инклузија и слични ситуации донесе животот во образованието. Сепак, одлична дискусија од која произлегоа добри заклучоци, предлози и иницијатива за следните две тематски средби.“, напиша Претседателот Тони Јаревски на својот фејсбук профил.

22 March 2019

Карпошани со една и единствена моќна порака: Ќе Победиме

Вчера, во просториите на општинскиот комитет одржавме состанок на кој беа присутни координаторот од ИК на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Трајко Славески и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Димовски.

На состанокот разговаравме за актуелните политички случувања и имавме одлична дискусија помеѓу присутните со конструктивни прашања и одговори. 

„Карпошани со една и единствена моќна порака Ќе победиме“, напиша Претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Тони Јаревски на својот фејсбук профил.

21 March 2019

(ФОТО) ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош официјално ги отвори местните комитети Кузман Јосифовски - Питу и Пецо Божиновски - Кочо

Вчера официјално беа отворени местните комитети Кузман Јосифовски - Питу и Пецо Божиновски - Кочо, на отварањето присуствуваше Раководството на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош, како и голем дел на членови и поддржувачи на ВМРО - ДПМНЕ.

Иако претесно и внатре и надвор, одлична атмосфера и синергија помеѓу големиот број присутни поддржувачи. Од поодамна тука немало вака голем интерес. КЈП и ПБК ветуваат промени и победа на изборите“, напиша Претседателот на ВМРО - ДПМНЕ ОК Карпош, Тони Јаревски на својот фејсбук профил.

19 March 2019

Мицкоски: Да покажеме кичма, која тие сакаат да ја немаме, против секоја неправда донесена од оваа власт

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својата Фејсбук страница објави видео во кое побара да покажеме кичма, која тие сакаат да ја немаме, против секоја неправда донесена од оваа власт.

Тој во видеото зборува за сите неправди кои ги направија СДСМ откако дојдоа на Власт.

Во продолжение погледнете го неговото обраќање:


18 March 2019

Христијан Мицкоски: Време е за казна за изневерените очекувања, лагите и неправдите, да се обединиме, да ја сочуваме татковината и донесеме правдата

Претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку видео на неговата фејсбук страница се обрати и порача: „Време е за казна за изневерените очекувања, лагите и неправдите, да се обединиме, да ја сочуваме татковината и донесеме правдата“.