27 January 2013

Промоција на Јагнула Куновска, кандидат за градоначалник на Општина Карпош

Денеска, 27 јануари  2013 година, во 13:00 часот во Драмскиот театар во Карпош се оддржа промоцијата на  Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош, госпоѓа Јагнула Куновска за локалните избори 2013.

Најавата и презентацијата на кандидатот ја одржа портпаролот на Општиски комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош, Николина Ивановска. Потоа Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош, Синиша Спасов презентираше дел од проектите кои се завршени од Градот Скопје, за 4 годишниот период, најавувајки силна победа на престојните избори.

При централниот дел од настанот, госпоѓа Јагнула Куновска ја презентираше својата визија за водењето на локалната власт заблагодарувајќи се на довербата која партијата ВМРО-ДПМНЕ и ја укажа прифаќајќи ја нејзината номинација и програма.

На промоцијата  присуствуваа еминентни личности од културниот и политичкиот живот во Република Македонија.

Промоцијата  во Драмскиот театар се одржа пред повеке од 700 граѓани на Карпош.

За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

26 January 2013

Промоција на кандидатот за градоначалник

Почитувани,
Општискиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош, има чест да Ве покани на промоцијата на Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош госпоѓа Јагнула Куновска за локалните избори 2013, која ке се одржи во недела на 27 јануари 2013 година, во 13:00 часот во Драмскиот театар во Карпош.
На промоцијата ќе присуствуваат еминентни личности од културниот и политичкиот живот во Република Македонија.
Го очекуваме вашето присуство.

Со почит,
Општиски комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош.

14 January 2013

СРЕДБА НА ЈАГНУЛА КУНОВСКА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ НА КАРПОШ

На 12.01.2013 во ресторанот ИМЕС, кандидатот за Градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Карпош г-ѓа Јагнула Куновска организираше празничен ручек по повод Василица со Пензионерите на Општина Карпош.
Многубројните пензионери, направија добра атмосверата заедно со Кандидатот за градоначаник Г-ѓа Јагнула Куновска. На почетокот од настанот Г-ѓа Јагнула Куновска и претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ - Карпош, Синиша Спасов ги поздравија сите присутни со 10 минутен говор. Тие ги ислушаа присутните за постоечките проблеми во општината и истакнаа дека ке се заложат за нивно решавање.
На средбата присуствуваа повеке од 200 пензионери.
За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

06 January 2013

Удрен темелот на новиот аква парк

Во текот на денешниот ден во склоп на СЦ Борис Трајковски беше означен почетокот од изградбата на првиот модерен аква парк во Скопје.
Аква паркот ќе се протега на 12.000 м2 и ќе чини 4,2 милиони евра. Планирано е да се изградат 10 тобогани, базен за деца, базен со бранови, мрзлива река, административна зграда со ресторан, кафе бар, санитарни јазли, соблекувални и прва помош. Под објектот ќе има стандардизирани машински сали и современ систем за филтрација на водата. Градежните работи ќе ги изведува фирмата „Полин“ од Турција, која досега изградила повеќе од 2.000 вакви паркови во светот, заедно со „Жикол“ од Струмица и „Електроунион“ од Скопје.
Почетокот на изградбата го означија Претседателот на Владата на Република Македонија г-дин Никола Груевски, Директорот на СЦ Борис Трајковски Ратко Капушевски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, заменик министерот за локална самоуправа Сашо Лазаровски, како и кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Карпош г-ѓа Јагнула Куновска и Претседателот на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - КАРПОШ г-дин Синиша Спасов.
За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

Коледарски оган 2013

Во текот на вчерашниот ден кандидатот за Градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Карпош г-ѓа Јагнула Куновска посети повеќе локации каде се палеше коледаски оган во Општина Карпош.
Традицијата за коледаскиот оган се негува и е дел од културното битисување на жителите на Карпош. Огнот ја симболизира Божјата светлина која го огрева светот го раѓањето на Христос спасителот. По огнот следат коледарите кои со песна го најавуваат раѓањето Христово!
За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

05 January 2013

Поставување на камен темелник на аква паркот во Карпош

Почитувани,
утре, 06.01.2013 (недела) во 13:15 часот ќе се стави камен темелник на Аква паркот во Карпош во непосредна близина на СЦ Борис Трајковски. На свеченоста ќе присуствуваат Претседателот на Владата на Република Македонија г-дин Никола Груевски, Претседателот на Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ - Карпош, Синиша Спасов, Директорот на СЦ Борис Трајковски Ратко Капушевски. Ќе ни претставува особена чест доколку присуствувате на настанот.
Со почит, 
Општински Комитет на ВМРО ДПМНЕ Карпош