Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош Тони Јаревски во текот на вчерашниот ден оствари средба со просветните работници. На средбата се разговараше за актуелните случувања во образованието.
„Одржавме средба со докажани и искусни просветни работници. И покрај тоа што се трудам да ги пратам случувањата во образованието, сеуште сум шокиран од тоа со што се соочуваат овие луѓе денес во работата. Какви се тоа наметнати решенија, килави имплементации, нефункционални програми, необмислена инклузија и слични ситуации донесе животот во образованието. Сепак, одлична дискусија од која произлегоа добри заклучоци, предлози и иницијатива за следните две тематски средби.“, напиша Претседателот Тони Јаревски на својот фејсбук профил.