26 April 2019

Трибина со проф. Сиљановска Давкова, позитивна енергија и надеж за иднината на Македонија кај жителите на Карпош

Во текот на вчерашниот ден кандидатот за Претседател и иден Претседател на Република Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова одржа трибина со жителите на Општина Карпош. Тие имаа можност да ги слушнат ставовите, но и да ги искажат своите размислувања и имаа можност да се обратат до кандидатот за Претседател Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова.
Трибината помина во навистина позитивна атмосфера, а она што беше посебно впечатливо е враќањето на надежта на граѓаните дека на црнилата кои ја завладеаа Македонија наскоро ќе им дојде крајот.
Видете повеќе слики од трибината на следните фејсбук страници:

24 April 2019

Професорката Гордана Сиљановска Давкова со трибина во Карпош

Народот на изборите беше јасен и конкретен. Тие веќе немаат ЛЕГИТИМИТЕТ!! Имаме 10 дена пред нас, уште еден дополнителен чекор, уште еден дополнителен напор до официјален пораз на Власта во Карпош во вториот изборен круг. Утре 25.04.2019 година (Четврток) во 18:00ч на амфитеатарот на кејот на Вардар (сливот на Лепенец спроти Канал 5 ТВ) ќе се одржи трибина со Гордана Сиљановска Давкова. Поканете ги сите поддржувачи, сите кои се колебаат, сите кои се двоумат, да присуствуваат и САМИТЕ да се УВЕРАТ дека гласот за Професорката е правиот и вистински избор!

19 April 2019

Писмо од проф. д-р Сиљановска Давкова

Кандидатот за Претседател на Република Македонија поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и иден Претседател на државата проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова спреми кратко писмено обраќање се со цел да биде дистрибуирано до сите граѓани на Република Македонија.
Во продолжение следи текстот на писмото или истото отворете го во pdf. формат на следниот ЛИНК!


15 April 2019

Мицкоски порача: Бојкотот му помага само на Зоран Заев

Вие кои цврсто заговарате бојкот, знам дека имате многу причини и не велам дека за се не сте во право, но ви се обраќам искрено без ракавици, имате една причина да излезете да гласате, таа е Македонија. Бојкотот му помага само на Зоран Заев. Бесот нека не ви биде поголем од љубовта кон татковината, која знам дека длабоко во срцето ја носите. Гласајте, не поради мене, туку за вас и вашите семејства, гласајте за Македонија! Напиша на Фејсбук, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.




14 April 2019

Македонија се буди, Карпош се буди, ВМРО доаѓа

Вчера со почеток од 19 часот ВМРО-ДПМНЕ го оддржа својот централен митинг за претставување на претседателскиот кандидат за Претседателските Избори 2019, професорката Гордана Сиљановска Давкова. Митингот се оддржа на бул. Илинден пред Владата на Република Македонија, а за масовноста и поддршката која граѓаните на Македонија ја дадоа говорат бројните слики и видео записи. Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош ја имаше честа и задоволството со своето членство да биде сведок на раѓање на нова зора која ќе ја делигитимира и порази инсталираната хунта на власт која ја зави Македонија во овие црнила.

12 April 2019

Покана за голем сенароден митинг

Почитувани,

Ве покануваме на големиот митинг на кандидатот за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова. 

Карпош тргнува на Партизанска пред Соборниот храм  во 18:30 часот.

11 April 2019

Карпошани порачаа: Време е Македонија да добие жена Претседател

Вчера вечер во Карпош се одржа митингот на ВМРО - ДПМНЕ на кој свое обраќање имаа кандидадтката за Претседател на Република Македонија, Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Проф. д-р Христијан Мицкоски. Иако времето беше врнежливо, сепак карпошани излегоа масовно и ја дадоа својата поддршка за Професорката Сиљановска Давкова.

Пораката е повеќе од јасна, време е Македонија да добие жена Претседател.

07 April 2019

Покана за митинг на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош

Почитувани,
Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош ја има честа да Ве покани да присуствувате на митингот за претставување на нашиот претседателски кандидат на претстојните претседателски избори 2019, почитуваната професорка Гордана Сиљановска Давкова.
Митингот ќе се оддржи на платото во Т.Ц. Лептокарија на 10.04.2019 (среда) со почеток од 20:30 часот.
Ве очекуваме

03 April 2019

Промовирана веб страната на кандидатот за Претседател на Македонија проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова

Промовирана веб страната на кандидатот за Претседател на Македонија проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова. Истата можете да ја посетите на следната веб адреса: http://gordanazapretsedatel.mk/


Исто така на следниот линк можете да ја погледнете ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ПРОГРАМА на почитуваната професорка.