Народот на изборите беше јасен и конкретен. Тие веќе немаат ЛЕГИТИМИТЕТ!! Имаме 10 дена пред нас, уште еден дополнителен чекор, уште еден дополнителен напор до официјален пораз на Власта во Карпош во вториот изборен круг. Утре 25.04.2019 година (Четврток) во 18:00ч на амфитеатарот на кејот на Вардар (сливот на Лепенец спроти Канал 5 ТВ) ќе се одржи трибина со Гордана Сиљановска Давкова. Поканете ги сите поддржувачи, сите кои се колебаат, сите кои се двоумат, да присуствуваат и САМИТЕ да се УВЕРАТ дека гласот за Професорката е правиот и вистински избор!