27 June 2012

Стевчо Јакимовски да каже колку пари должи општина Карпош



Запрашан Стевчо Јакимовски за тоа дали и колку должи Општината, тој не одговори директно. Во неговиот препознатлив арогантен стил почна да обвинува за тоа колку должеле другите.

Епа господине Стевчо Јакимовски, како човек кој доаѓа и живее во Карпош, како човек кој секојдневно комуницира со граѓаните на Карпош, не интересира колку ја задолживте како градоначалник вие општина Карпош?

26 June 2012

Повик за кандидирање на кандидати за Градоначалници


Ја информираме јавноста дека Извршниот комитет на  ВМРО-ДПМНЕ, водејќи се од демократските начела, како и од заложбите за транспарентно, чесно работење и постојана блискост до граѓаните, донесе одлука за објавување на: Повик за кандидирање на кандидати за Градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ за Локалните избори 2013 година.

Средба со жителите на Владо Тасевски

Во текот на вчерашниот ден функционерите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од локално и централно ниво имаа средба со жителите на месната заедница Владо Тасевски на просторот пред Педагошкиот Факултет. Средбите продолжуваат во наредните денови.
За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

24 June 2012

Средба со жителите на Влае 1 и 2

Во текот на вчерашниот ден функционерите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ остварија средба со жителите на урбаните заедници Влае 1 и 2. Средбите продолжуваат во наредните денови.

За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

22 June 2012

Известување за средба со жителите на Влае 1 и 2


Се известуваат жителите на УЗ Влае 1 и 2 дека во Сабота (23.06.2012) во 20:00 часот (пред кафе бар –Боксер, ТЦ Порта Влае) средба со граѓани ќе одржат Советници од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош, и други Градски и Централни функционери.

Сега кога нема избори, тука сме да разговараме и да ги слушнеме Вашите идеи, потреби и проблеми.

Се гледаме!

Средба со жителите на Козле, Жданец и Трнодол

Во текот на вчерашниот ден функционерите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ остварија средба со жителите на урбаните заедници Кузман Јосифовски - Питу и Пецо Божиновски - Кочо односно  на Козле, Жданец и Трнодол. Уште еднаш Општинскиот Комитет Карпош покажа дека е секогаш блиску до граѓаните!
Средбите продолжуваат во наредните денови.
За да видиш повеќе кликни на следниот ЛИНК!

20 June 2012

Трибина - „Со позитивна мисла до подобар живот“


Денес во Универзитетот за Туризам и менаџмент се одржа трибина со наслов „Со позитивна мисла до подобар живот“ од м-р Јадранка Марос - Каракашева  - психолог и семеен системски психотерапевт.
Трибината е организирана од УЖ и ОК на ВМРО ДПМНЕ Карпош.
За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

За Јакимовски поважни се караоке забавите отколку граѓаните на Карпош


Како што веќе и претходно Ве информиравме недомаќинското однесување на градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски ја доживува својата кулминација.

Според информации кои доаѓаат од бизнис секторот Стевчо Јакимовски е должен да одговори, дали поради булата од неколку милиони евра, општината не е во можност да ги исплати побарувањата кои што кон неа ги имаат неколкуте градежни компании и веќе имаат покренато и судска постапка со цел да си ги наплатат долговите кои што кон нив ги има Општина Карпош?

19 June 2012

Кој тоа ѕирка од чатијата?

Реакција на текстот „НА ЧАТИЈА ПРЕС

Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ како опозиција на локално ниво служи како постојан коректор на власта на Стевчо Јакимовски и СДСМ во Општина Карпош. Изгледа дека ова не им се допаѓа на Стевчо и неговата тајфа!
Владо Поповски, Секретарот на Општина Карпош напишал колумна во Општинското јавно гласило „КАРПОШ УРБАН“. И се ќе беше во ред доколку тоа не беше партиска колумна која се наоѓа во општински весник, весник финансиран од граѓаните, весник кој треба да служи како информатор за тоа што е направено во општината а не за промовирање на личните ставови на пајташите на Стефчо и лечење на личните фрустрации!

18 June 2012

Започна проширувањето на вториот дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“


Се реконструира потегот од крстосницата на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов со Франклин Рузвелт до крстосницата со улицата Братфордска и булеварот 8. Септември. Со вкупна должина од 1 100 метри.

Проширувањето на улицата се одвива од левата страна во насока кон Карпош.

17 June 2012

Средба со граѓаните на Карпош 3

Во текот на вчерашниот ден Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош организираше средба на граѓаните од Карпош 3. На средбата граѓаните имаа можност да се сретнат со бројни функционери од локалната но и централната власт и директно да ги пренесат своите проблеми, предлози и видувања. Средбите продолжуваат во наредните денови.
За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

22 години ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ на 17 јуни одбележува дваесет и две години од своето формирање. Дваесет и две години од нашата визија за Македонија. Низ овие години заедно со својот народ ВМРО-ДПМНЕ помина многу. И лоши и добри моменти и денови на среќа и радост и денови на тага. Но најважно е што заедно се поминуваа тие денови! Денес стоиме свои на своето, посилни од било кога, единствено заради тоа што бевме и останавме заедно со својот народ!!! Никогаш не ги потценивме неговото мислење и неговите чувства! Никогаш !!!

16 June 2012

Секој викенд достапни за граѓаните во сите општини



Потпирајќи се врз чесниот и искрен однос спрема граѓаните и желбата да се помага, ВМРО-ДПМНЕ поседува обврска да ја развива солидарноста.

Грижата за понемоќните, послабите и помалку еднаквите е темелна политичка определба на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со промовирање на  како наша темелна определба.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи  со промовирање на практиката на блискост до граѓаните, воведувајќи нов импулс во нашата работа.

15 June 2012

И ТИПО е дел од спомениците на Бранко Црвенковски и СДСМ




Почитувани,

Денес се наоѓаме пред зградата на стоковната куќа ТИПО. Е во оваа зграда некогаш работеа над 200 работници, 200 семејства егзистираа, се прехрануваа. 
Сите тие останаа без работа на 15 декември, 2004 година, во период кога СДСМ беше на власт. Тогаш оваа фирма отиде под стечај.

13 June 2012

Средба со граѓаните на Карпош 1


Во текот на денешниот ден Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош организираше средба на граѓаните од Карпош 1. Овие средби продолжуваат и во наредните денови на територијата на целата општина, а на нив граѓаните на месните заедници ќе имаа можност да се сретнат со бројни функционери од локалната но и централната власт и директно да ги пренесат своите проблеми, предлози и видувања.
За да видите повеќе килкнете на следниот ЛИНК!

Известување за трибина

Почитувани,
Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош и Унијата на Жени на ВМРО-ДПМНЕ Ве покануваат да присуствувате на трибината на тема „Со позитивна мисла до подобар живот“ која ќе се одржи на 20.06.2012 (среда) со почеток од 20 часот на Факултетот за Туризам и Угостителство - Скопје.

СДСМ го договори да се гради, па ќе го руши Воинот на коњ ?!


Видовме признание на лидерот на ДУИ Ахмети, дека споменикот Воин на коњ бил договорен помеѓу ДУИ и СДСМ во периодот 2002-2006 година, кога овие две партии ја сочинуваа владата.

Тоа што Ахмети го тврдеше е вистина. Ова е одлуката за поставување на споменици која е донесена на 30 ноември 2004 година кога СДСМ имаше мнозинство во Советот на град Скопје, градоначалник беше кандидат на коалицијата предводена од оваа партија,а  СДСМ беше владеачката партија.

12 June 2012

Општина Карпош е во була од неколку милиони евра


Општинската каса на Карпош е во була од неколку милиони евра. Општината не може да го реализира предвидениот буџет за 2012 година.  И тоа немаше да биде проблем, доколку во Карпош изминативе години со потрошените пари нешто навистина се инвестираше,  доколку Јакимовски зад себе оставеше барем еден капитален проект по кој ќе го запаметеа граѓаните на Карпош. Тука е и проблемот почитувани граѓани.

10 June 2012

Средба со граѓаните на Тафталиџе 1 и 2

Во текот на денешниот ден Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош организираше средба на граѓаните од Тафталиџе 1 и 2 кај пазарот во Тафталиџе. Граѓаните имаа можност да се сретнат со бројни функционери од локалната но и централната власт и директно да ги пренесат своите проблеми, предлози и видувања.
За да видите повеќе килкнете на следниот ЛИНК!

Црвенковски од најразвиен, го направи најсиромашен градот Велес




Слушаме дека СДСМ се во Велес.

Додека се таму да им објаснат на граѓаните во Велес како успеа додека беа на власт најголемата фабрика за порцелан на Балканот да ја внесат во тешки милионски долгови, да ја разграбаат и да остават над 4000 семејства без минимална егзистенција.

09 June 2012

Средба со граѓаните на Тафталиџе 1 и 2

Се известуваат жителите на Тафталиџе 1 и 2 дека во Недела (10.06.2012) во 11 часот на Пазарот во Тафталиџе средба со граѓани ќе одржат Советници од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош, заменик министерот за локална самоуправа Сашо Лазаровски и други градски и центарлни функционери.
Сега кога нема избори, тука сме да разговараме и да ги слушнеме Вашите идеи, потреби и проблеми.

08 June 2012

Каде одеа парите во времето на СДСМ?!


И денес ќе побараме одговор од СДСМ-каде одеа парите во нивно време кога не се градеше ништо? Ова е прашање на кое што одговор чека целата јавност. Една недела наместо одговор на ова прашање тие не клеветат и лажат. Ние се ќе истрпиме само нека дадат одговор на прашањето каде завршуваа парите во нивно време.

06 June 2012

Зголемени субвенциите на земјоделците од 130 мил. евра



Во последните 12 месеци ВМРО ДПМНЕ и СДСМ излегоа со сосема различни предлози и политики за тоа како треба да се справиме европската должничка криза и со штетните последици кој од таа криза влијаат врз македонската економија.