Се реконструира потегот од крстосницата на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов со Франклин Рузвелт до крстосницата со улицата Братфордска и булеварот 8. Септември. Со вкупна должина од 1 100 метри.
- По проширувањето, оваа сообраќајница ќе добие четири коловозни ленти и вкупна ширина на коловозот од 16 метри. На терен ќе се направи ископ, ќе се нанесе тампонски слој и површината ќе се асфалтира. Завршниот слој асфалт ќе биде изработен со полимер којшто го забавува стареењето на асфалтот и формирањето траги од движењето на возилата, за повеќе години, рече градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.
Во текот на градежните работи на вториот дел од Митрополит Теодосиј Гологанов ќе се воведе сообраќаен режим, а Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сигнализација.
Град Скопје во овој обемен зафат ќе вложи околу 47 милиони денари, а градежните работи треба да завршат во рок од 90 дена.
Во првата фаза беше реконструиран булеварот од крстосницата на улиците „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Франклин Рузвелт“ до зградата на поранешна НИП Нова Македонија, а кај Католичката црква е направен турбо кружен тек, со што значително се намали сообраќајната гужва во овој дел од градот.
Превземено од КУРИР