16 June 2012

Секој викенд достапни за граѓаните во сите општини



Потпирајќи се врз чесниот и искрен однос спрема граѓаните и желбата да се помага, ВМРО-ДПМНЕ поседува обврска да ја развива солидарноста.

Грижата за понемоќните, послабите и помалку еднаквите е темелна политичка определба на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со промовирање на  како наша темелна определба.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи  со промовирање на практиката на блискост до граѓаните, воведувајќи нов импулс во нашата работа.

Од денес па во наредните 30 дена, во рамките на камапањата СЕ ГРИЖИМЕ, на повеќе фрекфентни локации во градот Скопје, во организација на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, наши членови од сите структури во периодот 0д 10 до 12 ч ќе им стојат на располагање за секаков вид на помош на постарите и изнемоштени лица, луѓе на кои им е потребна грижа и внимание.

Граѓаните на кои имаат најконкретна потреба за помош при обезбедување на намирници, прехрамбени продукти, пренос на тие намирници ќе можат да се обратат до волонтерите на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ кои ќе им излезат во пресрет.

Ќе се среќаваме со различни социјални слоеви, ќе разговараме со луѓето… На тој начин, веруваме дека ќе влијаеме и во насока на подигнување на одговорноста на оваа држава кон други значајни прашања, кои им даваат човечка смисла на нашите активности.

Локациите каде секој викенд, од 10 до 12 часот од денес па во наредните 30 дена граѓаните ќе може да се обратат до нас се:

Аеродром:

Тинекс – ТЦ Бисер (пазарче),
Тедико,
Тинекс ( Раде Кончар),
Рамстор ( Ново Лисиче),
Кам ( Пензионерски дом),
Вучко,
ТЦ Скопјанка,
Веро
Кисела Вода:

СП Маркет,
Населба Драчево кај пазарчето спроти амбулантата.
Макси д маркет
Центар:

Пред влезовите и излезите на Зелен Пазар и Буњаковец

Карпош:

Тинекс Карпош 3
Тинекс Карпош 2
СП Карпош 1
Пазарче Тафталиџе KAM Маркет
Бутел:

Пред “Тедико” во населеното место Ферид Бајрам ,
Пред пазарчето на улица Александар Урдаревски во Бутел 1
Гази Баба:

Пазарот во Автокоманда
Пензионерскиот дом Гази Баба,
Пазарот во Ченто
Поликлиника Ченто
Ѓорче Петров: Пред Тинекс и пред пазарот

Ние знаеме дека ниту една мерка не е доволна за целосно да исчезнат немоќните и сите други на кои им е потребна нашата поддршка. Меѓутоа, исто така, свесни сме дека нашето општество нужно мора да се заврти кон изворните вредности, кои се дел од нашиот морал.