Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ како опозиција на локално ниво служи како постојан коректор на власта на Стевчо Јакимовски и СДСМ во Општина Карпош. Изгледа дека ова не им се допаѓа на Стевчо и неговата тајфа!
Владо Поповски, Секретарот на Општина Карпош напишал колумна во Општинското јавно гласило „КАРПОШ УРБАН“. И се ќе беше во ред доколку тоа не беше партиска колумна која се наоѓа во општински весник, весник финансиран од граѓаните, весник кој треба да служи како информатор за тоа што е направено во општината а не за промовирање на личните ставови на пајташите на Стефчо и лечење на личните фрустрации!
За да биде срамот поголем, Владо Поповски не е избран или назначен функционер, туку вработен во општината. Неговата функција е да биде сервис на граѓаните, а не да пишува колумни против владините функционери од позиција на Секретар на Општина Карпош! Никој не му го спори правото надвор од работното време да пишува колумни во партиското гласило на СДСМ и јавно да ги објавува, но вака само на дело се покажува партизираноста на администрацијата во Општина Карпош.
Замислете кога вработените службеници во Собранието на Република Македонија би започнале да држат прес конференции и да ја критикуваат опозицијата, зар ова не е исто?! Сепак, на Стевчо не му е првпат да ја користи општинската администрација во своите политички пресметки. Тој без срам и перде ги вадеше на контра протести општинските административци кога граѓаните незадоволни од неговата работа протестираа пред општината!
Праксата на Стевчо Јакимовски и СДСМ да не бираат начин и сретства за пресметка со своите противници само говори дека и по 6 поминати години во опозиција СДСМ не научи ништо, тоа се истите самобендисани креатури кои единствено се грижат за тоа да се дојде и да се биде на власт, ништо друго.
Народот гледа кој колку работи. Можеби не е возможно преку ноќ да се подобри стандардот, но народот гледа дека државата се гради, гледа каде одат парите, а каде одеа во времето на СДСМ, каде одат во Општина Карпош?
автор: Никола Костовски - Џани
автор: Никола Костовски - Џани