12 June 2012

Општина Карпош е во була од неколку милиони евра


Општинската каса на Карпош е во була од неколку милиони евра. Општината не може да го реализира предвидениот буџет за 2012 година.  И тоа немаше да биде проблем, доколку во Карпош изминативе години со потрошените пари нешто навистина се инвестираше,  доколку Јакимовски зад себе оставеше барем еден капитален проект по кој ќе го запаметеа граѓаните на Карпош. Тука е и проблемот почитувани граѓани.

Јакимовски наместо да гради тој општинските пари немилосрдно ги расфрла по невладини организации на нему блиските партиски функционери. Го гледаме сега уплашен од фактот дека граѓаните ќе го казнат неговото недомаќинско однесување и фактот дека цел мандат не направил ништо, па сега најавува изградба на нови плоштади, паркови, паркинзи и што ли уште не и тоа го прави на залезот на неговата градоначалничка и политичка кариера.

Но главното прашање е – Со кој пари ќе го направите тоа кога буџетот ви е во була од неколку милиони евра?  Каде бевте изминативе години да одговорите на потребите на граѓаните на Карпош?  Или тогаш можеби приоритет Ви беше полнењето на џебовите на Вашите послушници и организирање на скапи караоке забави со парите на граѓаните?

Ви останаа ли пари во буџетот за да организирате барем уште една скапа караоке забава?

Граѓаните на Карпош сакаат инвестиции, а не нивните пари да завршуваат во ветер и магла.