29 September 2013

Средба со жителите на Бардовци, Злокуќани и Нерези

Денес Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош г-дин Синиша Спасов, Претседателот на Советот на Општина Карпош г-дин Сашо Лазаровски и други функционери од локалната и централната власт остварија средба со жителите на Бардовци, Злокуќани и Нерези. На средбите жителите на овие населени места имаа можност директно до надлежните функционери да ги пренесат своите проблеми и барања и во рамките на нивните овластувања и законски можности да изнајдат решение за истите.
Средбите продолжуваат и во наредниот период.

За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

27 September 2013

ПОВИК ЗА ГЛАСАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА МЕСНИ КОМИТЕТИ

Почитувани браќа и сестри, сопартијци, во рамки на редовните активности на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош, на 28.09.2013 година, ќе се одржат редовни избори за претседатели на месни комитети на територијата на Општина Карпош. Избраните претседатели на месни комитети ќе имаат 4 годишен мандат. Изборите кои ке се одвиваат на 28.09.2013 година (сабота) се однесуваат на 7 месни комитети: Пецо Божиновки Кочо, Карпош 2, Бардовци, Злокуќани, Тафталиџе 1, Карпош 4 и Влае 1. За да биде валидно гласањето мора да гласаат најмалку 30 % од членовите на месниот комитет.
Право да избира претседател на месен комитет на ВМРО-ДПМНЕ има секој член на ВМРО-ДПМНЕ со постојано живеалиште на подрачјето за кое е основан месниот комитет чиј претседател се избира, а е ажуриран во Централната база на податоци на ВМРО-ДПМНЕ.
За да може да го оствари своето Право на глас членот на месниот комитет, кој е заведен во базата на членови, на денот на гласањето мора задолжително да носи лична карта или патна исправа и по можност членска книшка, за да може да биде идентификуван од страна на изборната комисија за да го оствари своето право на глас.
Членовите на месните комитети ќе можат да го дадат својот глас во периодот од 11 до 17 часот во сабота на 28.09.2013 година на местата предвидени за гласање.

19 September 2013

Средба со жителите на Влае

Денес, 19.09.2013 (четврток) Претседателот на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош г-дин Синиша Спасов, Претседателот на Советот на Општина Карпош г-дин Сашо Лазаровски, Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош г-дин Благоја Неделковски пратеничката во Собранието на Р. Македонија Косана Мазнева и дел од советниците на Општина Карпош остварија средба со жителите на урбаните заедници Влае 1 и Влае 2. Граѓаните директно ги доставија своите прашања и предлози до надлежните функционери и можеа директно да ги добијат одговорите на истите.
Средбите продолжуваат во наредниот период.

12 September 2013

ПОВИК ЗА ГЛАСАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА МЕСНИ КОМИТЕТИ

Почитувани браќа и сестри, сопартијци, во рамки на редовните активности на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош, на 14.09.2013 година, ќе се одржат редовни избори за Претседатели на Месни Комитети на територијата на Општина Карпош. Избраните Претседатели на Месни Комитети ќе имаат 4 годишен мандат. Изборите кои ќе се одвиваат на 14.09.2013 година (сабота) се однесуваат на 7 Месни Комитети: Кузман Јосифовски Питу, Карпош 1, Нерези, Владо Тасевски, Тафталиџе 2, Карпош 3 и Влае 2. За да биде валидно гласањето мора да гласаат најмалку 30% од членовите на Месниот Комитет.