10 June 2012
Црвенковски од најразвиен, го направи најсиромашен градот Велес
Слушаме дека СДСМ се во Велес.
Додека се таму да им објаснат на граѓаните во Велес како успеа додека беа на власт најголемата фабрика за порцелан на Балканот да ја внесат во тешки милионски долгови, да ја разграбаат и да остават над 4000 семејства без минимална егзистенција.
Прво, Бранко Црвенковски да им објасни на тие луѓе во Велес зошто им ја упропасти нивната иднина, зошто ги остави без работа, без право да напредуваат во животот?
Второ, Бранко Црвенковски во Велес да отиде пред зградите на Порцеланка и да објасни како и зошто тие згради се во сопственост Комерцијална банка на Хари Костов. Зошто имотот кој го продадоа заврши во приватните имоти на неговите сопартијци.
Трето и најважно Бранко Црвенковски додека е во Велес да им се извини на сите работници кои беа тепани од полицијата додека тој беше премиер, само затоа што штрајкуваа и си ги бараа своите плати.
Во време на Бранко Црвенковски градот Велес од најразвиен индустриски центар во Македонија го направи најсиромашен град во Македонија.
Вработените во Порцеланка-Велес и граѓаните од Велес и Македонија не забораваат.