29 November 2012

Отчет на ВМРО-ДПМНЕ - Општински Комитет КАРПОШ

Симнете го отчетот на ВМРО-ДПМНЕ  за одработеното на територијата на Општина Карпош со кликање на банерот!

21 November 2012

Ден на дрвото

Во текот на денешниот ден Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, голем број на функционери од централната и локалната власт учествуваа во акцијата „Ден на дрвото“ која се одржа во новиот парк „Македонија“ во населбата Козле. Ова е јубилејна 10-та акција и на територијата на целата држава беше планирано да се засадат над три милиони садници.
За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

19 November 2012

Ден на дрвото


Во Среда, на 21.11.2012 година во 11:15, ќе се изврши засадување на паркот покрај булеварот Теодосија Гологанов (спроти Веро), Овој настан  ќе биде централен настан по повод Денот на дрвото - засади ја својата иднина ќе присуствуваат и видни  личности од јавниот и политичкиот живот како и градоначалникот на Град Скопје, г-динот Коце Трајановски и Премиерот на Република Македонија г-дин Никола Груевски. 
Ве покануваме, со Вашето присуство и Вие да бидете дел од оваа акција за зазеленување на Градот.

14 November 2012

Шминката на Јакимовски

Додека опозицијата на чело со СДСМ се обидува да објасни дека се што прави власта е само една обична шминка, ништо капитално, додека претседателот на градскиот огранок на СДСМ и градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски се труди себе си да се претстави како пример за успешен градоначалник, а немајќи во предвид дека сите негови проекти се сведуваат на тековно одржување на општината.
Работата на Јакимовски до пред некое време се сведуваше во редење и прередување на бекатон коцки. Фала му на Бога што за овие шест години критериумите за успешен градоначалник се сменија па и Стевче треба да се менува.
Јакимовски започна со асвалтирање на споредните (сервисни) улици во општината, што е и негова обврска бидејќи главните улици се обврска на градот. Јакимовски почна и да менува канализации што е исто така за поздравување. Иако градот Скопје за месец и половина до 2 месеци реконструира цели булевари, на општина Карпош понекогаш и треба и двојно повеќе од тоа за најобична уличка. Сепак, она што ме загрижува мене, а верувам и другите жители на Карпош е како тоа се реконструираат улиците!
Пред неколку часа на раскрсницата помеѓу слаткарницата „Канела“ и детската градинка во Козле кола пропадна и сериозно се оштети во дупка која на среде пат се отвори пред возилото! За среќа инцидентот помина без жртви но се поставува прашањето дали ова може да се повтори на некоја друга улица и не дај Боже да има поголема штета!
За крај, го запрашуваме градоначалникот Јакимовски дали ќе бара одговорност од изведувачот и ќе понесе лична одговорност, сепак, лично тој е горд „татко“ на општината.

09 November 2012

Рекунструирана улицата КОЗЛЕ

Во текот на вчерашниот ден во населбата Козле, Премиерот на Република Македонија г-дин Никола Груевскии Градоначалникот на Град Скопје г-дин Коце Трајановски ја пуштија во употреба истоимената реконстуктирана улица. Во текот на градежните работи, на оваа делница беше поставена нова атмосферска канализација во должина од 275 метри, со нови сливници. Од двете страни на обновениот коловоз се изградени тротоари, со променлива ширина од 1 до 1,5 метри, во зависност од условите на теренот. Тротоарите се покриени со бекатон-плочки.
За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

07 November 2012

Отворање на улица КОЗЛЕ

Почитувани,
во текот на утрешниот ден (08.11.2012, Четврток) во 13 часот, на делот од улицата „Козле“ каде се приклучуваат улиците за населбите Жданец и Трнодол ќе се одржи свечено отворање на реконструираната улица.
Ве покануваме да присуствувате на овој убав настан.