30 December 2010

Предновогодишна забава - Унија на жени

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош, во соработка со раководството на ОК Карпош предводено од претседателот г-дин Сашо Лазаровски, на ден 26.12.2010 во просториите на ОК Карпош организираше предновогодишна забава за најмладите со хуман карактер. Искрените детски насмевки нека ги красат нивните лица во годината што доаѓа.
Нека ни е среќна и бериќетна новата 2011 година.

Даниела Штерјова
Претседател на Унија на Жени на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош

18 December 2010

Каде е Стевче Јакимовски?

Почитувани,

Додека граѓаните се занимаваат со чистење на неисчистените општински улици, Стевче си кампува во Сандански.

Додека поголем дел од граѓаните на Карпош ринат снег пред куќите и зградите, има и такви кои одмараат во странските Спа центри.

Снегот за некого направи штета, но за некого е вистинско добредојде.

Почитувани,

Каде е денес Стевче Јакимовски?

08 December 2010

Како се практикува демократија во Општина Карпош?

Атмосфера од последната седница на Советот на Општина Карпош:

„Не ти давам право на збор!“ „Седни на своето место!“ „Додека сум јас на ова столче тоа прашање нема да биде ставено како точка на дневен ред!“ „Ти давам жолт картон, на следниот ќе бидеш исфрлен од седница!“

Ова се само дел од изблиците на нервоза, кои почнаа да преминуваат во хистерија и беззаконие во Советот на Општина Карпош. Токму со овие зборови претседавачот се обидува да ги “замолчи“ советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери во Карпош, единствено затоа што се дрзнале да говорат од името на народот и за граѓаните на Карпош. Почнаа да ни го “перат“ мозокот со врескање дека тоа што го говориме не било од значење за граѓаните на Карпош. Ако се обидеш да излезеш на говорница, веднаш добиваш закана дека можеш да бидеш отстранет од Седницата на Советот. Како неподобни и непожелни советници, кои не се согласуваат со едноумието на нивното височество Стевче Јакимовски, едноставно ни се одзема правото на збор.

05 December 2010

Марш за нас? Дали?!

Пред три дена Бранко Црвенковски одржа прес конференција во која се огради од Велија Рамковски и порача дека маршот кој во овој момент се одвива не е за Велија и штитење на криминалот, дека овој марш не е за СДСМ туку дека „Овој марш е за вас (односно нас) и заради вас. Заради вашето достоинство, вашата слобода, вашето право на подобар живот, заради вашата иднина“.
Бранко беше човекот кој 15 години на еден или друг начин беше вклучен директно во власта во оваа држава и видовме до каде ја донесе! И во 2002 година Бранко ја спасуваше Македонија од ВМРО-ДПМНЕ. Во тоа време се сеќавам, имаше една реклама која навистина изгледаше патриотски па дури и да се каже конзервативно.

03 December 2010

За „Боргите“ и „Баш Челик“ во Карпош

(Реакција на писмото „Барајќи рогови, изгубивте уши“ од Советничката група на СДСМ во Општина Карпош, објавено на 3 декекеври 2010)
           
Не сум знаел дека „боргите“ имаат способност да креираат сопствено мислење, но ете и тоа чудо се случи. Инаку, јас сум сведок дека советниците од СДСМ делуваат како „колектив на Борги“. Минатата година за збор се јавивте по еднаш, а годинава поретко, ама затоа гласате по наредба. На чешање на Градоначалникот за уво гласате „против“, а на сукање мустаќ гласате „за“. Имам чуство дека координациите ви се состојат во вежбање мимика, на кој потег на Градоначалникот, кој советник како да гласа.
            Менталитетот на „колектив на Борги“ го достигна својот врв во вашите тези за кооперативност и колегијалност. Со 9 кооперативни советници и 2-ца „асимилирани во колективот“, вие господа советници од СДСМ сте малцинство во советот во Општина Карпош. Советот брои 23 членови, а логиката кажува дека 11 е помало од 12. Дали е поинаку во „Делта Квадрантот“ на универзумот вие си знаете.
Вашите можности во советот се сведуваат на 11 советници и со таа бројка не можете да изгласате ни пауза за кафе, а за проекти и ДУП-ви може само да сонувате. Едноумието, господа советници од СДСМ, во Македонија заврши пред 20 години.