29 February 2012

Одржана комитска вечер, избран нов претседател

Во текот на вчерашниот ден, Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во ресторанот Имес ја одржа традиционалната комитска вечер. На неа присуствуваа повеќе од 300 активни членови на ВМРО-ДПМНЕ од Општина Карпош, како и бројни видини функционери од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и досегашниот претседател на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош и заменик Министер за локална самоуправа на Р. Македонија г-дин Сашо Лазаровски, градоначалникот на Град Скопје г-динот Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Аеродром и претседател на Градскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ г-дин Ивица Коневски, Министерот за здравство на Р. Македонија, г-дин Никола Тодоров и други.
На комитската вечер беше промовиран и новиот претседател на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош, г-дин Синиша Спасов. Досегашниот и новиот претседател се убедени дека ОК Карпош продолжува со работата се до конечно освојување на локалната власт во Општина Карпош.
За да видите повеќе од комитската вечер кликнете на следниот ЛИНК!


24 February 2012

КОМИТСКА ВЕЧЕР

Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош на 26.02.2012, недела со почеток од 19 часот организира КОМИТСКА ВЕЧЕР во ресторан ИМЕС. Сите заинтересирани членови за карти може да се обратат кај претседателите на своите Месни Комитети. Бројот на присутни членови е ограничен за сите Месни Комитети и предност имаат активните членови.

17 February 2012

Избркани новинари од отворена седница на Советот на Општина Карпош

На денешната седнца на Советот на Општина Карпош која требаше да има отворен карактер се случи скандал. Имено, на седницата на Советот на која требаше да се расправа за буџетот на Општината советниците од редовите на СДСМ побараа да биде забрането присуството на новинарите. По ова од седницата беа избркани и советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Ова не се случува за прв пат! Пред една година советниците од СДСМ со подршка од Градоначалникот Јакимовски истото го направија на новинарската екипа на Курир.
До кога ќе продолжи самоволието на градоначалникот и советниците од СДСМ останува да видиме!

14 February 2012

Угриновски: Јакимовски троши недомаќински

Кавгаџијата Стевче Јакимовски и понатаму продолжува со недомаќинско трошење на парите од граѓаните.
Градоначалникот на Карпош и оваа година има намера да потроши над еден милион евра за невладини организации и слични трансфери од Буџетот на општината - Истото е објавено во последниот службен гласник, кој е достапен до јавноста преку веб страната на општината.
Еден милион евра, пари кои ќе донесат бенефит само на неколку луѓе блиски до градоначалникот. Еден милион евра пари кои ќе завршат на два три листа хартија. Еден милион евра кои оваа година ќе летнат во ветер.

11 February 2012

Акција за чистење снег

УМС на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош во текот на денешниот ден организираше акција за расчистување на снегот на дел од комплексот „Млечен ресторан“. УМС и во наредните денови ќе продолжи со расчистување на снегот се додека е тоа потребно. Ова е само уште една акција од низата со која УМС се покажува и докажува како општествено одговорна младинска организација.
За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

09 February 2012

Отворена бокс сала во СЦ Борис Трајковски

Денес спортскиот центар Борис Трајковски доби комплетно нова бокс сала. Збогатувањето на СЦ Борис Трајковски со уште една спортска дисциплина придонесува во негово комплетно развивање како целисходен и модерен рекреативен центар за сите граѓани на Скопје.
За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!