Кавгаџијата Стевче Јакимовски и понатаму продолжува со недомаќинско трошење на парите од граѓаните.
Градоначалникот на Карпош и оваа година има намера да потроши над еден милион евра за невладини организации и слични трансфери од Буџетот на општината - Истото е објавено во последниот службен гласник, кој е достапен до јавноста преку веб страната на општината.
Еден милион евра, пари кои ќе донесат бенефит само на неколку луѓе блиски до градоначалникот. Еден милион евра пари кои ќе завршат на два три листа хартија. Еден милион евра кои оваа година ќе летнат во ветер.
На Карпош во моментов му се потребни цигли и малтер, а не само шминка која што единствено знаете да ја понудите изминативе години.
Откажете се од овие пари и наместо да ги храните вашите послушници инвестирајте ги во цигли и малтер!
Во вашиот мандат во Карпош не е изграден ниту еден нов плоштад, во Карпош нема ниту еден монтажен паркинг, ниту пак катна гаража, во Карпош нема Црква!
Каде се новите паркови, зарем според вас доволни се само бекатоните?
Додека Вие се занимавате со козметички зафати, градоначалниците на другите општини парите ги вложија во сериозни капитални објекти. Откажете се од парите кои ги расфрлате за Вашите омилени невладини организации и инвестирајте ги во проекти кои имаат вистинско значење за граѓаните.