29 August 2019

По предлог на советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Општина Карпош четвртоодделенците ќе добијат продолжен престој


Учениците кои од оваа учебна година ќе бидат четврто одделение, ќе добијат продолжен престој до 17:00 часот. Оваа одлука, едногласно беше прифатена од сите членови на Советот на Општина Карпош, по претходно спроведена анализа и консултации со родителите, а на предлог на координаторот на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен Претседател на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош, Тони Јаревски.
Како што образложи градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, по консултација со стручните служби на Општината, како и по направена анкета со родителите,  овие наставници ќе бидат ангажирани за дополнителна настава, односно т.н  „целодневна“  настава кај четвртооодделенците. Трошоците за  дополнителниот ангажман на наставниците ќе бидат обезбедени од буџетот на локалната самоуправа, соопштија од Општина Карпош.

Како ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош секогаш ќе продолжиме со напорите за изнаоѓање на издржлива форма и начин за изведување на целодневната и за учениците од 5-то одделение и секогаш ќе работиме во интерес на граѓаните.

18 August 2019

(ФОТО + ВИДЕО) Јаревски: ВМРО ДПМНЕ - OK Карпош е со целосна поддршка на жителите на Трнодол, Жданец и Козле кои се револтирани од новиот предлог Детален урбанистички план

Членови на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош денеска преку прес конференција заедно со претседателот Тони Јаревски му порачаа на Стефан Богоев и Општина Карпош дека ќе застанат на страната на жителите на Трнодол, Жданец и Козле кои се револтирани од новиот предлог детален урбанистички план.




„Измина цела недела исполнета со немир, конфузија и страв на жителите од Трнодол и Жданец како последица на иницијативата на Богоев и СДС за нов Детален урбанистички план за овој дел од Карпош“ ова денеска на прес-конференција го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош, Тони Јаревски.