08 February 2020

Средба со жителите на Бардовци

Денес одржавме средби со жителите на Бардовци и Злокуќани. На средбите присуствуваа проф. д-р Трајко Славески - член на ИК на ВМРО - ДПМНЕ и Игор Павлески - потсекретар на ВМРО - ДПМНЕ. Имавме можност да поразговараме со нашите сограѓани и да ги слушнеме сите нивни проблеми. Сите ние сме сложни околу една работа, а тоа е дека ВМРО - ДПМНЕ ќе биде победник на изборите на 12 април, а Зоран Заев ќе замине во историјата како нај неуспешен премиер во Независна Република Македонија.

04 February 2020

Јаревски: Стравот и паниката на Бихачка од ден на ден е се поголема

„Стравот и паниката на Бихачка од ден на ден е се поголема, знаејќи дека на изборите кои треба да се одржат на 12 април ги очекува најголемиот пораз во историјата на Независна Република Македонија прават се за да избегаат од изборите. Овој пат тоа го прават со уцени за Законот за Јавно обвинителство, кој им е единствено гранче за спас. Да бидеме реални, да сакавте да го донесете тој Закон доследно, како што доликува одамна ќе формирате посебен тим на професионалци кој ќе работи на тој Закон, а вака само докажувате дека се е само обична манипулација за да избегате од избори“, напиша Претседателот на ВМРО - ДПМНЕ ОК Карпош, Тони Јаревски.