Додека опозицијата на чело со СДСМ се обидува да објасни дека се што прави власта е само една обична шминка, ништо капитално, додека претседателот на градскиот огранок на СДСМ и градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски се труди себе си да се претстави како пример за успешен градоначалник, а немајќи во предвид дека сите негови проекти се сведуваат на тековно одржување на општината.
Работата на Јакимовски до пред некое време се сведуваше во редење и прередување на бекатон коцки. Фала му на Бога што за овие шест години критериумите за успешен градоначалник се сменија па и Стевче треба да се менува.
Јакимовски започна со асвалтирање на споредните (сервисни) улици во општината, што е и негова обврска бидејќи главните улици се обврска на градот. Јакимовски почна и да менува канализации што е исто така за поздравување. Иако градот Скопје за месец и половина до 2 месеци реконструира цели булевари, на општина Карпош понекогаш и треба и двојно повеќе од тоа за најобична уличка. Сепак, она што ме загрижува мене, а верувам и другите жители на Карпош е како тоа се реконструираат улиците!
Пред неколку часа на раскрсницата помеѓу слаткарницата „Канела“ и детската градинка во Козле кола пропадна и сериозно се оштети во дупка која на среде пат се отвори пред возилото! За среќа инцидентот помина без жртви но се поставува прашањето дали ова може да се повтори на некоја друга улица и не дај Боже да има поголема штета!
За крај, го запрашуваме градоначалникот Јакимовски дали ќе бара одговорност од изведувачот и ќе понесе лична одговорност, сепак, лично тој е горд „татко“ на општината.