Во последните 12 месеци ВМРО ДПМНЕ и СДСМ излегоа со сосема различни предлози и политики за тоа како треба да се справиме европската должничка криза и со штетните последици кој од таа криза влијаат врз македонската економија.
Во овој период Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ предложи, а Собранието изгласа повеќе намалување и ослободувања од даночни оптоварувања.
Намален е ДДВ за туристички услуги од 18 на 5 %,
намален е данокот на сурово масло за јадење од 18 на 5 %,
намалени се царинските тарифи за огромен број на продукти и суровини,
ослободени се од данок малите и микро претпријатија со годишен приход до 3 милиони денари.
Овој период се зголемени субвенциите на земјоделците од 6 милини евра колку беа во времето на СДСМ на 130 милиони евра колку што изнесуваат само оваа година. На неколку пати беа зголемени платите, пензиите и социјалните трансфери.
Тоа е она што ВМРО ДПМНЕ го прави, но ајде да видиме што е она што СДСМ го предлага овој период:
Предложија зголемување на даноците за 50 проценти,
предложија намалување на платите во полицијата, војската, намалување на платите на медицинскиот персонал,
предложија намалување на пензиите, е како во времето кога Црвенковски беше премиер и ги намали пензиите за 8 проценти,
предложија намалување на субвенциите на земјоделците, предложија кратење на парите кој што одат за социјални трансфери и за најранливите категории на граѓани.
Почитувани,
Во период на светска економска рецесија, кога и најголемите економии страдаат од последиците на светската економска криза и од европската должничка криза 26 од 27 земји членки на Европската Унија ги зголемија даноците и голем дел од нив ги намалија платите, пензиите и социјалните права.
Во Македонија не се случи ништо од ова- не се намалија платите, не се намалија пензиите, не се кратеше на социјалните права и социјалните трансфери, а во исто време се донесе нов последен пакет за справување со последиците од должничката криза со кој се предвидоа помош од 110 милиони евра за компаниите и 13 милиони евра нов пакет со економско социјални мерки.
Со ова по различни основи ќе бидат опфатени над 50 илјади граѓани.