Во текот на денешниот ден со почеток од 12 часот во библиотеката „Другарче“ Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош организираше трибина на тема „Писменост, јазик и култура на Македонецот“. Трибината ја водеше Претседателот на Општинскиот Комитет Карпош, Синиша Спасов.
Спасов во своето воведно излагање зборуваше за духовните вредности, длабоко втемелени во македонската вековна историја и традиција, кои ВМРО-ДПМНЕ ги промовира во 21 век. Воедно истакна дека конзервативизмот на ВМРО-ДПМНЕ се надоврзува на борбата за слобода и за национална самостојност водена од изворната ВМРО, како и на идеите на европската народна и демохристијанска традиција.
Главен предавач на трибината беше Господинот Васил Иљов дипломиран инженер архитект, советник конзерватор. Господинот Иљов е претседател на здружението на граѓани „Антички Македонци“. Има држено многу предавања на тема континуитет на Античките Македонци со денешните. Активноста на здружението и на Васил Иљов е насочена пред се кон преиспитување на историјата и културата на македонскиот народ од античко време до денес, како и целосна поддршка на сите проекти во полето на културно уметничката и научна дејност од областа на античката Македонска историја и култура.
Последниот модул на трибината беше посветен на прашања од присутните до господинот Иљов, во врска со почетоците на македонската цивилизација.
Трибината е дел од активностите на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош поврзани со негувањето на сe што е изворно: јазикот, обичаите, песни, историја, илјадагодишна традиција на писменост и традициите на книжевноста и уметноста на македонскиот народ.