25 May 2012

Обраќање до членството


Почитувани сопартијци,
Имам особено задоволство и чест да Ви се обратам, од мое име и од името на  членовите  на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош.
Голем предизвик за сите нас се претстојните локалните избори следната година.  Локалните избори отсекогаш биле најбитни избори за секој Општински комитет, затоа што имаме можност да ја добиеме локалната власт во Карпош, а со тоа да покажеме што можеме и што сакаме во Карпош. Потребно е да ја собереме и насочиме целокупната енергија на нашето членство и да го поразиме нашиот политички противник. Карпош може многу повеќе и заслужува многу повеќе !
Духот на новиот бран промени на партиските кадри во цела Македонија, чиј резултат е и новиот состав на Општинскиот комитет Карпош, ќе мора да се почуствува и во месните комитети за да донесе освежување и зајакнување на партиското јадро. Промените ќе започнат во следниве месни комитети: Кузман Јосифовски Питу, Нерези, Владо Тасевски и Карпош 1, чии членови се повикуваат за пријавување на повикот.
Раководството на Месниот комитет мора да биде одраз на силна, организирана и екипирана ВМРО-ДПМНЕ. Потребни се луѓе со ентузијазам и силна енергија да повлечат и да го подобрат работењето на Месниот комитет. Потребни се луѓе кои ќе знаат добро да го организираат и водат членството, луѓе кои се почитувани во населбата и кои ќе знаат добро да комуницираат со граѓаните, луѓе со авторитет, луѓе кои ќе повлечат нови членови во партијата.
Токму затоа Ве повикувам на поддршка и апликација. Секој што сака и кој смета дека има капацитет да помогне, може да се пријави. Ќе поразговараме со секого и ќе се видиме со секого. Можете да се пријавите за Претседател на Месниот комитет, но и за други позиции, како што се член на Раководството на Месниот комитет, член на некој од КИМ-овите на локално ниво, или пак Член на некоја од Комисиите кои функционираат на ниво на Партијата во цел Карпош.
На опачината на ова писмо Ви доставуваме апликација, која може да ја пополните на компјутер и да ја доставите по електронски пат на следната адреса:
или пак да ја пополните рачно или напишете на посебен лист и да ја донесете лично во Општинскиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош во Козле ул.Стогово бр.26-а секој работен ден од 18.00 до 21.00 часот, најдоцна до 05.06.2012 година.

Се бориме за ВМРО-ДПМНЕ и за Македонија!
Карпош ќе победи!
Со почит,
Синиша Спасов – Претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Карпош