Денес во просториите на Институтот за белодробни заболувања во Козле, прес конференција одржаа Директорот на Институтот и Потпретседател на Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ - Карпош, д-р Оливер Зафировски и Директорот на Македонски Телеком, Даниел Сас.
Директорот Зафировски истакна дека Институтот за белодробни заболувања во Козле доби уште една донација – овој пат лично од Генералниот и извршен директор на Македонски Телеком и неговата сопруга Мелинда Сас. Донацијата е вредна 12 илјади евра, а Институтот со овие пари ќе купи хематолошки апарат за брза и ефикасна анализа на крвта кај децата. Според Директорот на Телекомот, Сас, се одлучиле за донација во оваа здравствена установа бидејќи и тие се родители. Белодробните болести се едни од најчестите заболувања кај децата.
Директорот Зафировски во оваа прилика брифираше и за подготовките за започнување на проектот на Владата за изградба на нов Институтот за белодробни заболувања во Козле. Прес конференцијата беше пренесена на Канал 5, Сител, Алфа, Алсат и истата е дел од почетокот на низа хуманитарните активности поврзани со помош на децата заболени од белодробни заболувања. На институтот во Козле годишно се лекуваат околу 3500 деца.