Почитувани,
Стевчо Јакимовски вчера далеку од очите на јавноста, шерифски, без претходна најава стави точка на дневен ред за продажба-отуѓување, на новата општинска зграда.
И тоа ваквиот чекор на раскрчмување на овој имот се одвиваше без претходна јавна расправа, без да се прашаат граѓаните, а единствено како за покритие на ваквата одлука е поддршката од мнозинството на СДСМ, во советот на Општина Карпош.
Ставот на Јакимовски беше дека имало заинтересирано купувачи за овој објект. Токму тоа не плаши. Очигледно е дека тој веќе се има договорено кој да е купувачот.
Како инаку Стевчо Јакимовски знае дека имало заинтересирани купувачи уште пред да биде ставена зградата на продажба?
Дали станува збор за уште една од многуте бизнис зделки, во која треба повторно некој близок-бизнис пријател да се офајди?
Криењето и обидот да се протне раскрчмувањето на општинскиот имот на шерифски и нетранспарентен начин, упатува токму кон сомнежот дека се работи за сомнителна бизнис зделка.
Стевчо Јакимовски е единствениот пример на градоначалник кој наместо да создава и гради-тој продава! Кога сите други сакаат да направат нешто повеќе за своите општини, градоначалникот Стевчо Јакимовски продава општински имот.
Ние на ова нема да останеме неми. Ние остро протестираме за ваквата одлука и до крај ќе ги искористиме сите расположливи средства и механизми тоа да го спречиме.