18 May 2012

Наместо да гради, Стевчо Јакимовски ја распродава општината!



Наместо да гради, Стевчо Јакимовски ја распродава општината!

• Општина Карпош е во була од шест милиони евра!

• За да го реализира буџетот градоначалникот одлучи да го распродава имотот на општината!

• Ваквата ситуација е настаната поради немилосрдното расфрлање со пари на градоначалникот по невладини организации!

• И ако се потрошени толку многу пари, во Карпош изминативе години не е изградена ниту една капитална инвестиција!

КАДЕ ЌЕ ЗАВРШАТ ТОГАШ ОВИЕ ПАРИ?
ПОВТОРНО ЛИ ВО ПАРТИСКИ ЏЕБОВИ И НЕМУ БЛИСКИТЕ НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ!

ВЕ ПОВИКУВАМЕ ЗАЕДНИЧКИ ДА ГО СПРЕЧИМЕ НЕМИЛОСРДНОТО РАСФРЛАЊЕ НА НАШИТЕ ПАРИ!



Почитувани граѓани,

Расипничкото и недомаќинско однесување на градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, ја доживеа својата кулминација. Касата на општината има натрупано долгови од над шест милиони евра. Со цел да излезе од оваа безизлезна ситуација и да го покрие расипничкото трошење на парите на граѓаните, Јакимовски на последниот совет на општината како гром од ведро небо поднесе предлог за продажба на објектот на поранешното училиште “Братство“ во Нерези. Иако овој објект пред две години беа потрошени пари за да биде целосно адаптиран за потребите на општината, сега реши да го продава.

Објектот планира да се продаде по цена од 2,7 милиони евра, пари кои исто така не се доволни за покривање на буџетската дупка на општината. Со оглед на тоа дека се работи за Вашите пари, како советници и членови на општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ сме должи да ве информираме за тоа што се случува во дворот на општината.

Додека Јакимовски изминативе години на крајно нетранспарентен начин општинските пари ги расфрлаше по разни невладини организации блиски до него и СДСМ, долгот на општината во континуитет растеше.

Погледнете го Карпош денес на залезот на неговиот мандат како градоначалник. Додека во другите скопски општини постојано се инвестираше, се градеа капитални проекти, паркови плоштади, во Карпош владее безидејноста.

Во Карпош изминативе години не е изграден ниту еден капитален објект, со исклучок на нефункционалниот пешачки мост Влајко. Карпош заслужува повеќе! Ајде заеднички да го спречиме расипничкото однесување на градоначалникот и да кажеме НЕ на продажбата на административните објекти на општината, за покривање на буџетска дупка креирана од расфрлање на нашите пари по невладини организации и партиски послушници на СДСМ.

Со почит,
ВМРО – ДПМНЕ - Општински Комитет КАРПОШ