Како што веќе и претходно Ве информиравме недомаќинското однесување на градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски ја доживува својата кулминација.
Според информации кои доаѓаат од бизнис секторот Стевчо Јакимовски е должен да одговори, дали поради булата од неколку милиони евра, општината не е во можност да ги исплати побарувањата кои што кон неа ги имаат неколкуте градежни компании и веќе имаат покренато и судска постапка со цел да си ги наплатат долговите кои што кон нив ги има Општина Карпош?
Ваквата ситуација е настаната поради нереално проектираниот буџет на Јакимовски и лошото менаџирање со парите на граѓаните на Карпош.
Но за разлика од градежните компании Јакимовски не должи ниту денар на невладините организации, за кои минатата година биле предвидени средства од буџетот на општината. Тоа се невладините со кои прави караоке забави и скапи еднодневни обуки.
Четири години не направи ништо за Карпош, сега на залезот на неговата градоначалничка и политичка кариера, најавува изградба на плоштади, паркови и што ли уште не. На кое уво ли до сега спиевте Јакимовски?
Што правевте изминативе три години освен што организиравте скапи караоке забави и фрлавте пари по сомнителни невладини организации?
Граѓаните на Карпош ќе го казнат Вашето недомаќинско однесување. Тие не сакаат нивните пари да завршуваат во ветер и магла, тие бараат инвестиции. Очигледно е дека Вие тоа не можете да им го остварите.