Видовме признание на лидерот на ДУИ Ахмети, дека споменикот Воин на коњ бил договорен помеѓу ДУИ и СДСМ во периодот 2002-2006 година, кога овие две партии ја сочинуваа владата.
Тоа што Ахмети го тврдеше е вистина. Ова е одлуката за поставување на споменици која е донесена на 30 ноември 2004 година кога СДСМ имаше мнозинство во Советот на град Скопје, градоначалник беше кандидат на коалицијата предводена од оваа партија,а СДСМ беше владеачката партија.
Тогаш СДСМ немала ништо против изградбата на ваков споменик, напротив, ако поставувањето на споменик на Скендербег, било барање на ДУИ, очекувано е во еден таков разговор барањето за изградба на Воинот на коњ да биде на СДСМ.
Денес,истата СДСМ е најгласниот противник на изградбата и постоењето на овој споменик.
Денес истата СДСМ се заканува преку нејзиниот генерален Секретар Андреј Петров, дека се спремни да го отстранат овој споменик, а Бранко Црвенковски го потврди ваквиот став. Значи за само неколку години тие го променуваат своето мислење.
Тоа само говори за тоа колку се неодговорни како политичари и колку своите политики ги базираат на инает и на противење, а не на свои издржани принципи. Тие своите одлуки ги менуваат секојдневно и не ги носат врз база на тоа што би било подобро за граѓаните. Штом за ова прашање вака драстично го менуват ставот, тие и за секое друго прашање го прават истото.
И на крај, споменикот на Скендербег, општина Чаир го изгради. Се виде за што општина Чаир ги потрошила парите. Но СДСМ не го изгради споменикот Воин на Коњ. Како и за се друго и тука не може да се види каде завшија парите во време на СДСМ, бидејќи тие располагаа со нив, а ништо не се градеше. СДСМ не изгради ништо, затоа бегаат да одговорат каде завршуваа парите во нивно време.