Вчера со почеток од 19 часот ВМРО-ДПМНЕ го оддржа својот централен митинг за претставување на претседателскиот кандидат за Претседателските Избори 2019, професорката Гордана Сиљановска Давкова. Митингот се оддржа на бул. Илинден пред Владата на Република Македонија, а за масовноста и поддршката која граѓаните на Македонија ја дадоа говорат бројните слики и видео записи. Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош ја имаше честа и задоволството со своето членство да биде сведок на раѓање на нова зора која ќе ја делигитимира и порази инсталираната хунта на власт која ја зави Македонија во овие црнила.