04 July 2012

Макрадули наместо да ги поздрави нашите 2000 остварени проекти, тој само критикува



Во моментот кога целата експертска јавност во областа на енергетиката го поздравува фактот што Македонија направи крупен исчекор во процесот на нејзино гасифицирање, СДСМ како и за сите други 2000 проекти кои ги направи Владата, не успева да ја скрие желбата да критикува и тоа да критикува без аргументи.

Во овој случај јасни се фактите, се знаат субјектите на изведување,  оформена е финансиската конструкција, се преговара за финална изведба на гасификацијата, а СДСМ повторно критикува. Македонија ќе направи крупен исчекор во своето енергетско функционирање и ќе обезбеди сигурен доток на гас за многу години одсега.

Јасно е. Желбата на господинот Макрадули е да искритикува се и по секоја цена.

Сепак, Макрадули треба да се потсети и на единствените крупни капитални проекти на СДСМ:

како штедилницата “ТАТ”,
како никогаш неизградената пруга до Бугарија,
како патот Велес – Прилеп преку Бабуна на кој што во 1994 година Бранко Црвенковски му стави камен темелник и потоа ниту едно камче не помести за да тој се изгради,
како 200 000 луѓе избркани од работа.
Е ова се капиталните проекти на СДСМ. За разлика од нив, ВМРО ДПМНЕ има за што да зборува, а граѓаните се тие на крај кој што правилно ќе оценат кој бил во право.