07 July 2012

Црвенковски во Крива Паланка толерираше криминал и не направи ништо добро



Деновиве СДСМ ги повика граѓаните од Крива Паланка да кренaт глас за да СДСМ повторно се врати на власт.

Наместо „работно лето“ по грчките острови, им препорачуваме да ги посетат граѓаните од Крива Паланка кои остана без работа, буквално на улица во времето кога СДСМ им ги затвори фирмите. Да ги посетат невработените од: Пелагонија, Малина, Гигантот Карпош (Декор, Конфекција, Предилница) фирми кои се затворија во време на СДСМ и Бранко Црвенковски невработените од Тигар, Угостител, Бентомак - рудник, Пролетер, Крива Река, 8-ми Октомври фирми кои се упропастија во време на СДСМ и Бранко Црвенковски како и да ги посетат невработените Рудник Тораница, Килимара исто така затворени во време на СДСМ.

Се на се над 5000 отпуштени работници во Крива Паланка од Приватизација на Бранко Црвенковски. Тоа се над 5 илјади семејства оставени без егзистенција во град со петнаесетина илјади жители. Значи половина од семејствата беа доведени до работ на егзистенција поради погубните политики на СДСМ и Црвенковски!

Кога веќе ќе отиде Црвенковски во Крива Паланка нека им објасни на граѓаните зошто не ја изгради пругата кон Бугарија која вети дека ќе ја доврши за само две години.

СДСМ треба да им објасни зошто кадрите од оваа партија кои доаѓаат од овој град со прст не мрднаа за Крива Паланка.

Каде е градоначалникот на Карпош Стевче Јакимовски кој е од Подржи Коњ Крива Паланка. Него единствено што го паметат жителите на Крива Паланка се сомневањата за негова директна вмешаност во Уништувањето на Гигантот Карпош кој броеше 2000 вработени. За илустрација последната машина набавена за фабриката Карпош вредеше 1,5 милиони марки... а фабриката на продажба беше дадена по цена од 350 000 марки.

Каде е Тито Петковски кој во овие 20 години ниту еден „камен“ нема донесено во Крива Паланка,

- Милојко Ангеловски - поранешен директор на Бентомак, фирма кој отиде во стечај, подоцна патеник од СДСМ Крива Паланка. По мандатот осуден за криминална приватизација, но како по обичај беше аболициран од Бранко Црвенковски.

Драги Трајчевски - поранешниот Градоначалник кој ја задолжи општината со 650.000 евра, кој со евиденцијата има прокнижено дека во месноста Бојанов Дол има изградено целосна канализациона мрежа, а на терен нема никaква трага од тоа (случај за кој се води судска постапка). Градоначалник кој беше запамтен како плаќач на сметки по локалните кафеани на функционерите од СДСМ.

Бранко Црвенковски ништо добро не направи за Крива Паланка.

Бранко Црвенковки и СДСМ не само што затвораа фабрики и отпуштаа луѓе од работа, не само што незнаат да одговорат каде се трошеа парите во нивно време,  туку очигледно е дека толерирале криминал. Е зошто било така, Црвенковски треба да им каже на луѓето од Крива Паланка.