Почитувани,
денес со почеток од 10 часот пред кафе бар Флуид – ТЦ Лептокарија прес конференција одржа Николина Ивановска, Секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош. Тематиката е отчет за сработеното на Градоначалникот Стевчо Јакимовски во периодот 2009-2013 година.
Интегрален текст од прес конференцијата:
Почитувани,
Темата на денешната прес конференција е отчетност за НЕСРАБОТЕНОТО на Градоначалникот Стевчо Јакимовски 2009-2013 година.
Оваа прес конференција требаше да ја држи градоначалникот на Општина Карпош. Со оглед на тоа дека на Стевчо Јакимовски веројатно ќе му биде тешко да се сети што воопшто има направено за Вас, граѓаните на Општина Карпош или пак е презафатен со своето омилено хоби - бекатонирање и шминкање на општината, УМС на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош се реши да му излезе во пресрет и да помогне при зголемување на отчетноста и транспарентноста на „нашиот мил и почитуван“ градоначалник.
Иако ги има многу, сметаме дека следниве достигнувања на Стевчо Јакимовски се највредни да се спомнат при отчетноста пред граѓаните на Карпош:
- Милионскиот долг во буџетот на Општина Карпош кој Стевчо Јакимовски го остава зад себе. Да се разбереме, неможе секој градоначалник да биде таков виртуоз и да ја потроши касата и за идните генерации нели? Нема ништо лошо во тоа касата на општината Карпош да тоне во се поголеми долгови, нели?
- „Трајна капитална“ инвестиција - скапи кариоке забави;
- „Трајна капитална“ инвестиција - распродавање на имотот на Општината создаван со парите на сите граѓани на Карпош;
- „Трајна капитална“ инвестиција - расфрлање на 1.200.000 евра општински пари по невладини организации кои се блиски до него и функционери на СДСМ. Поради оваа актиност се закити со наградата, поднесена претставка до антикорупциска комисија од страна на Советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош;
- „Трајна капитална“ инвестиција - огромни суми на пари за еднодневни обуки. Со оглед на издвоените средства сигурно се работело за многу добри обуки ?
Исто така кога зборуваме за Јакимовски никако не смее да се заборави најголемиоиот, најверојатно единствен капитален објект во Карпош изграден изминативе шест години - нефункционалниот надвозник Влајко. Зошто граѓаните не го користат Влајко, зошто Општина Карпош не успеа да продаде ниту еден дуќан за да си ги поврати парите до денешен ден не е познато? Познато е единствено дека надвозникот Влајко не чинеше многу пари.
Доколку ова е малку да ви го доловиме ликот и делото на Градоначалникот Јакимовки, потребно е да ве запознаеме со неговите заложби во поглед на негувањето на транспарентноста, отчетноста и демократизацијата во Општина Карпош. За тоа постојат повеќе примери. Ќе наброиме само неколку:
- Хумана акција на Стевчо Јакимовски за употреба на општинскиот весник „Карпош урбан“ за политичка промоција на СДСМ, што веројатно претставува најгруба злоупотреба на општинските пари за партиски цели;
- Зголемување на транспарентоста во владеењето со општината преку бркање на новинари од седници кои се отворени за јавност;
- Зголемување на демократскиот капаците преку креирање на инцидент за време на протестен митинг на советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ против лошото работење на Јакимовски. Додека советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Жозефина Гласновиќ ја даваше својата изјава за медиумите, вработените од општинската администрација грубо ја прекинувале и навредувале а во тоа време не беа на своите работни места. Дали можеби некој тоа ги ослободил и им дал дополнителни партиски задолженија на „независните“ административци на Стевчо?
- Намалување на невработеноста во Р. Македонија преку практикување на политика на груба партизација на администрацијата во Општина Карпош. Постојат најмалку 15-тина примери со кои во Општина Карпош се вработени пријатели, кумашини, роднини, братучеди, функционери и родени деца на функционерите од СДСМ;
- Ускратувањето на правото на збор на советниците на ВМРО-ДПМНЕ на седниците на Советот на Општина Карпош по принципот - неподобните и непожелни советници, кои не се согласуваат со едноумието на неговото височество Стевче Јакимовски не смеат да зборуваат.
Ова е само мал дел од достигнувањата на Стевчо Јакимовски. УМС на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош дојде до заклучок дека многу поповолна професија за Јакимовски би била отворање на салон за убавина. Таму Стевчо Јакимовски би го истакнал својот вроден талент за површинско шминкање, целосно би се пронашол, а воедно и би ги спасил граѓаните од своите паушални козметички решенија. Затоа што Карпош заслужува повеќе. Многу повеќе. Карпош заслужува вистински градоначалник на кој ке му бидат приоритет граѓаните.
(крај)
За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!