10 July 2012

СДСМ губи контакт со реалноста



СДСМ губи контакт со реалноста. Тие повеќе не се ни слушаат што говорат.

Лицемерно и безобразно е СДСМ да говори за минималната плата. СДСМ цели 15 години беше на власт и не донесе закон за минимална плата. Кога работниците преку синдикатите бараа по 6.000 денари загарантирана плата, владата на СДСМ ги одби. Дури и ги навредуваше, нивниот министер Стевчо Јакимовски изјавуваше дека се заштитени како “мечки од планина”.

За разлика од ова владата на ВМРО-ДПМНЕ донесе закон за минимална плата во висина од 8.050 денари.

Што се однесува до текстилните фабрики, тука Црвенковски е вистински рекордер. Тој во времето на неговата приватизација ги уништи буквално сите поголеми текстилни фабрики.

Во  време на СДСМ се затворија следниве текстилни фабрики:


  • Готекс од Гостивар
  • АД Илинденка Крушево
  • кожарски комбинат Годел
  • фабрика за синтетички влакна Хемтекс
  • Стококоп
  • Мирка Гинова
  • Битолатекс
  • Фротирка од Делчево
  • Астибо Штип
  • Битолска предилница
  • Трикотажа Битола
  • Кожара Гоце Делчев
  • Политекс од Прилеп
  • Билјана од Прилеп
  • Нокатекс од Велес
  • Кожара
  • Свилара, Битола
  • фабрика за текстил Карпош, Крива Паланка
  • Единство, Струмица
  • Преспатекс
  • Македонски фолклор итн, итн, итн

За разлика од нив, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го намали персоналниот данок на 10% со што државава има најнизок рамен данок во цела Европа.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за намалување и на повеќе други даноци со што ја олесни и подобри деловната клима за повеќе текстилни фирми и други претпријатија.

Владата донесе одлука и за намалување на социјалните придонеси за 10%, односно од 32% на 22%.

Донесена е програма за поддршка на текстилната индустрија со предвидени над 5 милиони денари, како поддршка за текстилната индустрија.

Следниот пат кога СДСМ ќе излезат на прес конференција добро нека ги проверат фактите и податоците и нека не зборат на памет. Очигледно е дека СДСМ забегува.