Во текот на денешниот ден Премиерот на Република Македонија г-дин Никола Груевски и Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски означија почеток на проширувањето на бул. Илинден, но и на улицата МАНАПО.
Со градежните активности од третата фаза за реконструкција и проширување на Илинден, булеварот се проширува од бензинската пумпа Макпетрол до улицата Љубљанска во должна од 1500 метри.
Со проектот е предвидено Илинден да се прошири со четири коловозни ленти, а од двете страни ќе бидат поставени нови тротоари. Во средишниот дел ќе се изгради жардиниера, а по должината на булеварот ќе биде поставено комплетно ново осветлување.
Улицата МАНАПО исто така ќе се прошири со четири коловозни ленти, а ќе бидат поставени нови тротоари и улично осветлување, по што таа ќе прерасне во булевар.
Рокот за изведба на третата фаза од булеварот Илинден и
МАНАПО е 90 работни денови, а Град Скопје во овој градежен зафат ќе вложи околу 92 милиони денари.
За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!