Стевчо Јакимовски ја троши последната година од својот мандат како градоначалник на Општина Карпош. И како што се ближат следните локални избори така неговата нервоза и страв стануваат се поголеми. Свесен е и самиот дека граѓаните го осуетија неговото недомаќинско трошење на народните пари и реализирање на ситни, несуштински проекти кои беа само шминка на огромните скандали кои го следеа.
А секојпат кога нема аргументи и кога неможе да оправда зошто нема сработено ниту еден суштински проект во општина Карпош, започнува да манипулира и се повикува на опструкции во работата и нереализирање на владини проекти во општина Карпош. Но веќе и тие ситни политички трикови не му поминуваат.
Граѓаните на Карпош можат лесно да воочат дека кога градоначалникот на Општината веќе не реализра капитални инвестиции, тогаш Владата и Градот Скопје интензивно градат инфраструктурни, образовни и спортски објекти на територијата на општината, сите проекти кои имаат за цел да го подобрат во голема мера животот на граѓаните на Карпош.
Би ги одвоиле како позначајни проекти изградбата на спортската сала Борис Трајковски заедно со пропратните спортски содржини, картинг патеката, базенот Младост, но и планираниот Аква парк.
На територија на општина Карпош изградена е и училишната спортска сала во ОУ Х. Т. Карпош во вредност од 21 милион денари.
Токму оваа Влада префрли 24 милиони денари, средства за целосна реконструкција на опожареното училиште Јан Амос Коменски.
Во фаза на финализација е и изградбата на Етно село, нов и атрактивен туристички објект, кој ќе ја зголеми туристичката понуда на Карпош.
Не помалку значајни инвестиции има реализирано и Градот Скопје кој само оваа година реализира изградба на три булеварски решенија со кои целосно ќе се реши сообраќајните потреби на граѓаните во Карпош.
Се гради втората фаза од Булеварот Илинден во делот на Карпош вреден 64 милиони денари.
Се гради втората фаза на булеварот Гологанов во вредност од 47 милиони денари.
Се инвестираат 28 милиони денари за целосно ново булеварско решение МАНАПО, кое е во тек, со кое дополнително му се узлегува во пресрет на инвеститорот Сити Мол, една од најголемите инвестиции во Општина Карпош.
Дополнително Се врши реконструкција на Улицата Козле во вредност од 21,5 милиони денари.
Стевчо Јакимовски очигледно ниту досега, ниту сега ќе ги поздрави овие инвестиции во општината Карпош, туку по навика ќе ги потценува и арогантно омаловажува. Но овие проекти не се градат за Стевчо да ги поздрави, туку се градат за граѓаните, за да им го подобрат ним животот.
Арогантноста и надуеноста на Стевчо граѓаните ќе ја казнат на следните избори, не само поради тоа што немаше чувство за нивните потреби, туку затоа што зад себе не остави ниту еден капитален проект сите овие години, освен ако не се брои Надвозникот Влајко, кој остана да сведочи како симбол за неговата работа. Потрошени се огромни средства, а граѓаните немаат никаква корист од тоа.
Впрочем таков е стилот на работа и на Стевчо Јакимовски.