30 December 2010

Предновогодишна забава - Унија на жени

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош, во соработка со раководството на ОК Карпош предводено од претседателот г-дин Сашо Лазаровски, на ден 26.12.2010 во просториите на ОК Карпош организираше предновогодишна забава за најмладите со хуман карактер. Искрените детски насмевки нека ги красат нивните лица во годината што доаѓа.
Нека ни е среќна и бериќетна новата 2011 година.

Даниела Штерјова
Претседател на Унија на Жени на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош

18 December 2010

Каде е Стевче Јакимовски?

Почитувани,

Додека граѓаните се занимаваат со чистење на неисчистените општински улици, Стевче си кампува во Сандански.

Додека поголем дел од граѓаните на Карпош ринат снег пред куќите и зградите, има и такви кои одмараат во странските Спа центри.

Снегот за некого направи штета, но за некого е вистинско добредојде.

Почитувани,

Каде е денес Стевче Јакимовски?

08 December 2010

Како се практикува демократија во Општина Карпош?

Атмосфера од последната седница на Советот на Општина Карпош:

„Не ти давам право на збор!“ „Седни на своето место!“ „Додека сум јас на ова столче тоа прашање нема да биде ставено како точка на дневен ред!“ „Ти давам жолт картон, на следниот ќе бидеш исфрлен од седница!“

Ова се само дел од изблиците на нервоза, кои почнаа да преминуваат во хистерија и беззаконие во Советот на Општина Карпош. Токму со овие зборови претседавачот се обидува да ги “замолчи“ советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери во Карпош, единствено затоа што се дрзнале да говорат од името на народот и за граѓаните на Карпош. Почнаа да ни го “перат“ мозокот со врескање дека тоа што го говориме не било од значење за граѓаните на Карпош. Ако се обидеш да излезеш на говорница, веднаш добиваш закана дека можеш да бидеш отстранет од Седницата на Советот. Како неподобни и непожелни советници, кои не се согласуваат со едноумието на нивното височество Стевче Јакимовски, едноставно ни се одзема правото на збор.

05 December 2010

Марш за нас? Дали?!

Пред три дена Бранко Црвенковски одржа прес конференција во која се огради од Велија Рамковски и порача дека маршот кој во овој момент се одвива не е за Велија и штитење на криминалот, дека овој марш не е за СДСМ туку дека „Овој марш е за вас (односно нас) и заради вас. Заради вашето достоинство, вашата слобода, вашето право на подобар живот, заради вашата иднина“.
Бранко беше човекот кој 15 години на еден или друг начин беше вклучен директно во власта во оваа држава и видовме до каде ја донесе! И во 2002 година Бранко ја спасуваше Македонија од ВМРО-ДПМНЕ. Во тоа време се сеќавам, имаше една реклама која навистина изгледаше патриотски па дури и да се каже конзервативно.

03 December 2010

За „Боргите“ и „Баш Челик“ во Карпош

(Реакција на писмото „Барајќи рогови, изгубивте уши“ од Советничката група на СДСМ во Општина Карпош, објавено на 3 декекеври 2010)
           
Не сум знаел дека „боргите“ имаат способност да креираат сопствено мислење, но ете и тоа чудо се случи. Инаку, јас сум сведок дека советниците од СДСМ делуваат како „колектив на Борги“. Минатата година за збор се јавивте по еднаш, а годинава поретко, ама затоа гласате по наредба. На чешање на Градоначалникот за уво гласате „против“, а на сукање мустаќ гласате „за“. Имам чуство дека координациите ви се состојат во вежбање мимика, на кој потег на Градоначалникот, кој советник како да гласа.
            Менталитетот на „колектив на Борги“ го достигна својот врв во вашите тези за кооперативност и колегијалност. Со 9 кооперативни советници и 2-ца „асимилирани во колективот“, вие господа советници од СДСМ сте малцинство во советот во Општина Карпош. Советот брои 23 членови, а логиката кажува дека 11 е помало од 12. Дали е поинаку во „Делта Квадрантот“ на универзумот вие си знаете.
Вашите можности во советот се сведуваат на 11 советници и со таа бројка не можете да изгласате ни пауза за кафе, а за проекти и ДУП-ви може само да сонувате. Едноумието, господа советници од СДСМ, во Македонија заврши пред 20 години.

26 November 2010

Деспотство ли е Карпош или панаѓур?

Минатата недела Стевчо Јакимовски беше вистинска медиумска звезда со касарната „Илинден“, се претстави како „деспот“ на територија која била во „негови граници и надлежност“. Менуваше ставови и виновци во зависност од утрински мамурлук, дневно расположение и нагиб на еклиптика на земјина оска. Изгледа на Стевчо медиумската звезда, минатата недела звездите не му беа наклонети.
            Си најде Стевчо виновци за касарна Илинден. Почна од конфигурација на терен, рекла-казала за некаква „рупа“, па до министри, синдикалци, советници, државни станови и геометри. Според Стевчо сите се криво насадени, само тој е алфа мажјак.

19 November 2010

Суетата на Стевчо Јакимовски го опструира „Илинден“

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери најостро реагира и во целост ги демантира обидите на Градоначалникот Јакимовски со монтирани конструкции и цитати извадени од контекст да ги искривува фактите.

Градоначалниче Јакимовски, со Вашите последни испади во јавноста и платените политички памфлети кои ги лиферувате по дневните весници ја преминавте секоја граница. По којзнае кој пат Ви повторуваме: Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери НИКОГАШ не побарала да се повлече нацрт ДУП-от за касарната „Илинден“ и тоа го знаете и Вие и целата македонска јавност. Вие јавно, на седница на Совет, изјавивте дека ќе го повлечете нацрт-ДУП-от за касарната „Илинден“, а сега од петни жили се обидувате да ја оправдате таа своја постапка, која во целост е спротивна на интересите на илјадници семејства на припадниците на Армијата на Република Македонија.

18 November 2010

Деновиве Стевчо Јакимовски ја држи титулата примитивец на годината

Има една стара народна поговорка која вели дека “Не значи ако човек облече кондури автоматски ќе стане граѓанин“. Таа поговорка најмногу се однесува на Стевчо Јакимовски.

Со последните свои постапки на блокирање на реализацијата на проектот за изградба на станови за професионалните војници во општината Карпош, неграѓанинот Стевчо се надмина себе и го допре дното. Деновиве Стевчо Јакимовски ја држи титулата примитивец на годината. Тој неодоливо потсетува на Бушманот од филмот “Боговите падна на теме“, кој го слави како божество шишето од Кока кола иако тоа е само обично шише фрлено од авион. Денес тоа шише божество е Бранко Црвенковски, а Стевчо во бушмански стил се труди да стане најголемиот негов идолопоклоник.

14 November 2010

Јакимовски да признае дека не дозволува да се реализира проектот„АРМ мој вистински дом“

Вчерашниот прес на градоначалникот Стевче Јакимовски ги разјасни сите дилеми.
 Нас ни е навистина многу жал, но од кажаното од г-динот Јакимовски, воопшто не произлегува добра волја за деблокирање на проектот “АРМ мој вистински дом“, туку сосема спротивно, произлегува дека г-динот Јакимовски си останува на своето и дури нуди начини како да се заобиколи овој проект.
Г-дине Јакимовски,
Вие бевте на неколкупати министер во повеќе претходни Влади.
Во тоа време, ако сакавте, можевте да дадете предлог за решавање на бројни прашања и проблеми на граѓаните, меѓу кои и прашањето за помош на припадниците на Армијата на Република Македонија и нивните семјства да обезбедат свој сопствен дом.
Тоа не го направивте, а денеска кога некој друг пробува тоа да го реализира, Вие упорно го блокирате.
Тоа, господине Јакимовски ниту е доблесно, ниту е чесно!

13 November 2010

Честит 13-ти Ноември

ВМРО-ДПМНЕ - Општински Комитет КАРПОШ Ви го честита 13-ти Ноември, денот на ослободувањето на градот Скопје. Нека ни е за многу години празникот.

12 November 2010

Годишно собрание на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош

На ден 14.11.2010 година (недела) со почеток во 17:30 часот, во Драмскиот театар, ќе се одржи Годишно собрание на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ - Општински Комитет КАРПОШ.
Ќе ни биде особена чест и задоволство и Вие да присуствувате на настанот.

Со почит,
Даниела Штерјова
Претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош

08 November 2010

ЈАВЕН ПОВИК

Почитувани сограѓани,

Општина Карпош меѓудругото се финансира со средства кои се прибираат од Вас, жителите на Карпош.
Парите кои ги троши општината, се всушност Ваши пари.

Дали сте се запрашале: Каде одат овие пари и каква корист имате Вие од проектите на општината?

Одговорот на е едноставен, ниту лесен да се пронајде. Токму затоа!

ВЕ ПОВИКУВАМЕ
- ЗАЕДНО ДА ГО СОСТАВИМЕ БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА КАРПОШ
- ЗАЕДНО ДА ГИ СОСТАВИМЕ ПРОГРАМИТЕ НА ОПШТИНА КАРПОШ
- ЗАЕДНО ДА ОДЛУЧИМЕ КАКО ЌЕ СЕ ТРОШАТ ВАШИТЕ ПАРИ

05 November 2010

Стевчо Јакимовски го блокира проектот “АРМ мој вистински дом’

Стевчо Јакимовски го блокира проектот “АРМ мој вистински дом’, проект со кој се планира изградба на станови за припадниците на Армијата на РМ.
Во изминативе неколку месеци, од господинот Стевче Јакимовски и неговите служби слушнавме и сеуште слушаме серија на невистини и манипулации поврзани со носењето на Деталниот урбанистички план за касарната “Илинден”, со кој треба да отпочне проектот на Министерството за одбрана “АРМ мој вистински дом” на територијата на Општина Карпош.
Фактот што реализацијата на овој проект започна со донесувањето на нацрт ДУП-от за касарната „Илинден” на иницијатива на Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери, очигледно кај Стевче Јакимовски побуди нервоза и фрустрации.

Општина Карпош незаконски не го верификува мандатот на советничката Жозефина Гласновиќ

На 29.10.2010 година Претседавачот на Советот, Советниците на СДСМ и Градоначалникот на Општина Карпош прогласија независност на Општината од правниот систем на Република Македонија.
Од името на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери во Советот на Општина Карпош, сакаме да го изразиме нашиот револт од непочитувањето на законите, самоволието, политичките манипулации и насилничкото однесување на претседавачот на советот на општина Карпош, Трифун Трифуновски и советничката група на СДСМ, на 25-та седница на советот одржана на 29.10.2010 година.

07 October 2010

Придружи се!

ОК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош започна акција за привлекување на членови во своите редови под мотото „ПРИДРУЖИ СЕ“. За таа цел го имаат изработено овој стилизиран постер!
Придружи се! Стани поддржувач на најсилната и најпрогресивната младинска организација во Општина Карпош!

02 October 2010

Хуманитарен хепенинг

Денес, со почеток во 12 часот на платото во ТЦ Лептокарија (пред кафе „Флуид“) се одржа хуманитарен хепенинг во организација на Унијата на Млади Сили и Унијата на Жени на ВМРО-ДПМНЕ од ОК Карпош. Во исто време во кинотеката „Македонија“ спроти средното училиште „Никола Карев“ се одржа крводарителска акција за детската клиника. Собраните сретства и донираната облека се предадени во средното училиште за деца со посебни потреби „Св. Наум Охридски“ и домот за стари лица „Мајка Тереза“.
За да видите дел од случувањата кликнете на следниот ЛИНК!

27 September 2010

Хуманитарен хепенинг

На 02.10.2010 (сабота) со почеток во 12:00 часот Унијата на Млади Сили и Унијата на Жени на ОК на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош организира хуманитарен хепенинг во ТЦ Лептокарија на платото пред кафе „Флуид“.
На хепенингот ќе настапат познати македонски музички ѕвезди, ќе има организирана продажба на ракотворби со цел собирање на сретства за хуманитарни цели како и крводарителска акција.
Се надеваме дека и Вие ќе земете учество и ќе дадете свој допринос во оваа хумана акција.

22 September 2010

Турнир во кошарка

Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ на ОК Карпош на ден 26.09.2010 (недела) со почеток во 10:00 часот во спортскиот центар „Борис Трајковски“ (мала сала) организира турнир во кошарка помеѓу членовите од месните комитети.

Хуманитарна акција

Унијата на Жени на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош организира хуманитарна акција за собирање на алишта, обувки и ќебиња кои ќе се донираат во училиштето за деца со посебни потреби „Св. Наум Охридски“ и домот за стари и изнемоштени лица „Мајка Тереза“ во с. Злокуќани.
Донираните сретства може да се остават во просториите на ОК Карпош секој работен ден од 18 до 21 часот заклучно со 25.09.2010 (сабота).

18 September 2010

Блог банер

Доколку имате свој блог и сакате да ставите линк до блогот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош тогаш ставете го овој банер на вашиот блог.

16 September 2010

8 години 15 Септември

Во текот на вчерашниот ден членовите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ  од ОК Карпош организираа акција по повод 8 години 15 Септември „денот на големите ветувања“!
Слики од настанот можете да видите на следниот ЛИНК