05 November 2010

Стевчо Јакимовски го блокира проектот “АРМ мој вистински дом’

Стевчо Јакимовски го блокира проектот “АРМ мој вистински дом’, проект со кој се планира изградба на станови за припадниците на Армијата на РМ.
Во изминативе неколку месеци, од господинот Стевче Јакимовски и неговите служби слушнавме и сеуште слушаме серија на невистини и манипулации поврзани со носењето на Деталниот урбанистички план за касарната “Илинден”, со кој треба да отпочне проектот на Министерството за одбрана “АРМ мој вистински дом” на територијата на Општина Карпош.
Фактот што реализацијата на овој проект започна со донесувањето на нацрт ДУП-от за касарната „Илинден” на иницијатива на Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери, очигледно кај Стевче Јакимовски побуди нервоза и фрустрации.
Стевче Јакимовски, поведен единствено од своите фрустрации, дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ планира да реализира проект во Општина Карпош, свесно и лично го блокира служејќи се со конструкции, лаги и обиди истите да ги препише на Советниците со цел да манипулира со јавноста.
Во интерес на вистината, ова се записникот и стенограмите од 23-тата седница на Општина Карпош, одржана во август, во кои јасно се гледа, дека само од устата на Стевче Јакимовски се споменува ДУП-от за касарната “Илинден”. Тоа е седница, на која Стевче Јакимовски истакна дека постапката за Деталниот урбанистички план за касарната “Илинден” лично тој ќе ја стопира.
Во овој записник од ниту еден советник касарната Илинден не е спомената, затоа што нацртот за овој план беше донесен од СОВЕТОТ еден месец претходно, во месец јули, и постапката за негаова реалзација веќе беше во тек.
Касарната Илинден воопшто не беше предмет на дискусија на спомената седница, освен во мечтите и имагинацијата на Градоначалникот Стевчо Јакимовски.
Тоа си го замисли и тоа и го направи.
Веднаш после таа седница, на последниот ден од јавната анкета за овој детален план, на самиот нејзин крај господинот Стевче Јакимовски истата ја прекина, повикувајќи се на некои апстракни заклучоци за транспарентност, кои ниту биле гласани, ниту биле донесени на таа 23 седница од страна на советот. Дека е тоа така, говори и фактот што записникот од 23 седница, веќе втор пат не е усвоен од Советот на Општината бидејќи истиот е фабрикуван, но затоа постојат стенограмите.
И затоа, Градоначалникот Стевчо Јакимовски ќе добие соодветна пријави за клевета.
Но, она што денеска е факт, е дека проектот „АРМ мој вистински дом” започнува да се реализира секаде во Република Македонија, освен во Општината Карпош, каде проектот се опструира и е целосно блокиран од страна на Градоначалникот Стевче Јакимовски,
Стевче Јакимовски, потпомогнат од претседавечот на Советот Трифун Трифуновски, вешто манипулира и се крие зад наводни „одлуки” и „заклучоци” на советот на Општината и најбезобразно лаже дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ барале да се прекине постапката на носење на овој Детален урбанистички план.
Зар има логика, советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери да ја кочат реализацијата на проект на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери ?
Не ! Тоа е логиката, манипулацијата и лицемерието единствено на Стевче Јакимовски
Сепак, реалноста е таа.
Проектот “АРМ мој вистински дом” во Општина Карпош е запрен, а кога ќе продолжи, зависи само и единствено од него и никој друг .

Дали можеби истото е по сугестија на неговиот ментор Бранко Црвенковски, кој овие денови е популарен по неговите ПР стратегии за политичка борба, останува да дознаеме?
Она што е жално, е тоа што поради ваквите валкани и лицемерни политички игри, најмногу страдаат брачни двојки и самохрани родители од Армијата на Република Македонија, кои со овој проект ќе обезбедат свое живеалиште и свој дом.



Емил Угриновски
Координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Карпош