Општина Карпош меѓудругото се финансира со средства кои се прибираат од Вас, жителите на Карпош.
Парите кои ги троши општината, се всушност Ваши пари.
Дали сте се запрашале: Каде одат овие пари и каква корист имате Вие од проектите на општината?
Одговорот на е едноставен, ниту лесен да се пронајде. Токму затоа!
ВЕ ПОВИКУВАМЕ
- ЗАЕДНО ДА ГО СОСТАВИМЕ БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА КАРПОШ
- ЗАЕДНО ДА ГИ СОСТАВИМЕ ПРОГРАМИТЕ НА ОПШТИНА КАРПОШ
Добродојдени се сите Ваши предлози од областа на: Комуналните дејности, Образованието, Културата, Екологијата, Социјалната заштита, Економскиот развој на Општината. Што недостига на вашата улица, кои се проблемите во вашето маало, населба, училиште, детска градинка?
Дојдете заедно да ги разгледаме Програмите на Општина Карпош и да ги дадете Вашите предлози, сугестии и потреби заеднички да ги решиме. Буџетот на Општина Карпош треба да го направите Вие, затоа што тоа е Ваш буџет.
Во секоја од нашите канцеларии кои се отворени од 18 до 21 часот, можете да ја запишете Вашата идеја, Вашиот проблем, Вашиот проект. Истите можете да ги изпратите и на e-mail: idei.za.karpos@gmail.com
Ние како Ваши Советници во Општината, сметаме дека токму Вие, граѓаните треба да одлучите како ќе се трошат Вашите пари. Вие, треба да одлучите дали Вашето училиште, детска градинка, спортско игралиште, улица, тротоар, парк, улично осветлување ќе бидат реновирани идната година или не. Затоа што за Вас се работи!
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери