Вчерашниот прес на градоначалникот Стевче Јакимовски ги разјасни сите дилеми.
Нас ни е навистина многу жал, но од кажаното од г-динот Јакимовски, воопшто не произлегува добра волја за деблокирање на проектот “АРМ мој вистински дом“, туку сосема спротивно, произлегува дека г-динот Јакимовски си останува на своето и дури нуди начини како да се заобиколи овој проект.
Г-дине Јакимовски,
Вие бевте на неколкупати министер во повеќе претходни Влади.
Во тоа време, ако сакавте, можевте да дадете предлог за решавање на бројни прашања и проблеми на граѓаните, меѓу кои и прашањето за помош на припадниците на Армијата на Република Македонија и нивните семјства да обезбедат свој сопствен дом.
Тоа не го направивте, а денеска кога некој друг пробува тоа да го реализира, Вие упорно го блокирате.
Уште помалку се чесни обидите Вашите манипулации да ги подметнувате на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери.
Ако имате став, бидете доблесен и излезете пред јавноста и кажете “Јас Стевче Јакимовски не дозволувам проектот “АРМ мој вистински дом“ да се реализира во Карпош, а не за тоа да не напаѓате нас.
Ова се стенограмите, кои што јасно сведочат кој се заканува дека ќе го опструира проектор. Ова е доказот дека Стевче Јакимовски јавно ја искажува својата намера за блокирање на проектот на АРМ и дека Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери тоа никогаш не го побарале.
Затоа за Вас господине Градоначалник се подготвува соодветна пријава за клевета.
Денеска и на малите деца им е јасен одговорот на прашањето:
Дали советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери во Советот на Општина Карпош, го блокира проектот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери, или пак тоа со задни намери го правите Вие.
Ако сакате да ги убедите припадниците на Армијата на Република Македонија, нивните семјства и целата македонска јавност дека сакате да помогнете за овој проект, тогаш докажете го тоа во пракса и одблокирајте ја вната расправа за Деталниот урбанистички план за касарната Илинден.
Вашите декларативните заложби никому не му значат ништо, она што се случува во пракса, тоа е од значење.
Со почит:
ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош
За повеќе информации на оваа тема кликнете на следниот ЛИНК!
Со почит:
ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош
За повеќе информации на оваа тема кликнете на следниот ЛИНК!