Има една стара народна поговорка која вели дека “Не значи ако човек облече кондури автоматски ќе стане граѓанин“. Таа поговорка најмногу се однесува на Стевчо Јакимовски.
Со последните свои постапки на блокирање на реализацијата на проектот за изградба на станови за професионалните војници во општината Карпош, неграѓанинот Стевчо се надмина себе и го допре дното. Деновиве Стевчо Јакимовски ја држи титулата примитивец на годината. Тој неодоливо потсетува на Бушманот од филмот “Боговите падна на теме“, кој го слави како божество шишето од Кока кола иако тоа е само обично шише фрлено од авион. Денес тоа шише божество е Бранко Црвенковски, а Стевчо во бушмански стил се труди да стане најголемиот негов идолопоклоник.
На Стевчо Јакимовски не му е доста што му ја превзема титулата Шарлатан на годината на Љубе Бошкоски. Тој не е задоволен со тоа. Стевчо од Подржикоњ, Стевчо кафанџијата од ресторанот Галеб, Стевчо кетеринг, Стевчо кој печалеше пари на сметка на бегалците, Стевчо кој имаше невладина на домашна адреса на која како министер си префрлаше пари, Стевчо бекатонска плочка, сака да ја освои титулата Шарлатан на векот. Затоа тој денес плука врз судбината на војниците кои со срце и со љубов ја сакаат и ја бранат својата земја. Тој плука врз судбината на децата на тие војници, кои не ги гледаат своите татковци само затоа што тие се на терен бранејќи ја Татковината. Стевчо е срамота за Македонија и за македонскиот народ.
Да блокираш проект чија цел е да се даде дом на војниците кои ја промовираат и бранат Македонија, и тоа да го правиш само од причина да се додвориш на Бранко Црвенковски е злосторство против својот народ. Да бараш да бидат исфрлени од станови лица кои што живеат во нив е исто така злосторство против својот народ. Ние никогаш нема да се согласиме со овој начин на безнадежно функционирање и газење врз својот народ. Ние секогаш ќе работиме да ги задоволиме интересите на својот народ. Би сакале да им порачаме на Бранко Црвенковски и Стевчо Јакимовски дека помина времето кога овие двајца безнадежни политичари газеа преку лешеви и човечки судбини само за да ја остварат својата лична цел.
Стевчо нема да успееш. Ние нема да ти дозволиме. Нема било каква “Надеж“ да те спаси од ова злосторство спрема народот. Нецивилизиран човек како тебе не сме виделе, но тоа што немаш основна култура не те спасува од одговорноста затоа што блокираш благороден проект.
За да го решиме овој горлив проблем ние советниците неодложно и безусловно бараме да се свика итна вонредна седница на Советот на Општина Карпош со единствена точка на дневен ред расправа по однос на кочењето на реализацијата на проектот за изградба на станови за професионалните војници во општина Карпош.
Доколку не ни одговорите позитивно на ова барање ние ќе ги превземе сите демократски средства и методи за да ве убедиме дека нема така лесно да се извлечете од ова злосторство спрема народот. Затоа немојте да продолжите да им го загорчувате животот и судбината на војниците и понатаму, затоа што се се враќа, ако правиш лошо лошо ќе те снајде.
Анка Спасовска
Советник од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош.