18 December 2010

Каде е Стевче Јакимовски?

Почитувани,

Додека граѓаните се занимаваат со чистење на неисчистените општински улици, Стевче си кампува во Сандански.

Додека поголем дел од граѓаните на Карпош ринат снег пред куќите и зградите, има и такви кои одмараат во странските Спа центри.

Снегот за некого направи штета, но за некого е вистинско добредојде.

Почитувани,

Каде е денес Стевче Јакимовски?

Каде беше вчера, завчера и предвчера милионерот Стевче Јакимовски?

Дали е точно дека Стевче Јакимовски си земал поголем дел од своите блиски луѓе од општинската администрација во Општина Карпош, и заедно со бизнисмените и сопствениците на фирми блиски до него си поминале еден прекрасен одмор во Сандански?

Ваквите испади не се прв пат за градоначалниците на СДСМ.

Очигледно за ваквите бегства од проблемите на граѓаните, Стевчо си имаше добар ментор, во градоначалникот на Охрид, кога си замина за Австралија, во моментите кога охриѓани беа поплавени од надојденото охридско езеро.

Сега Карпош е зафатено со невреме, а Стефчо никаде го нема.

Дали ова беше едно големо “ФАЛА“ за неговите послушници во Општината и дали неговите блиски фирми можеби случајно работат на некој од проектите на Општина Карпош.

Колку луѓе бевте на зимување?

Колку чинеше оваа екскурзија и од чии пари се финансираше истата?

Дали можеби тоа се парите на граѓаните на Карпош?

Граѓаните ги очекуваат Вашите одговори!



Со почит,

Жозефина Гласновиќ
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош