По минатонеделната средба со жителите на Бардовци на која жителите најмногу се пожалија на проблемите со катастарот, овој викенд беше направена една поголема работа средба на која на лице место се решаваа проблемите на граќаните!
На средбата присуствуваа заменик Министерот за локална самоуправа на Република Македонија, г-дин Сашо Лазаровски, директорите на републичкиот и скопскиот катастар, Љупчо Ѓорѓиевски и Славчо Трпевски, како и советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош.