13 March 2012

Граѓаните од Карпош масовно ја поддржаа нашата иницијатива

Почитувани граѓани на Општина Карпош,

Сакаме да искажеме голема благодарност на граѓаните на Општина Карпош што масовно се приклучија кон граѓанската иницијатива за пренамена на 1 200 000 евра од буџетот на општината, кои градоначалникот Стевчо Јакимовски планира да ги потроши на невладини организации, велат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општината.

Заклучно со денес на граѓанската иницијатива се потпишаа 7 350 граѓани на Карпош.

Но, не се само потписите, изминативе две недели додека ги посетувавме домовите низ Карпош, граѓаните понудија стотици проекти каде што можат да се инвестираат овие пари.

Тие отворено зборуваат со нас за проблемите кои што ги мачат, со нас ја споделуваат визијата која што ја имаат за Карпош, а која за жал недостасува во агендата на градоначалникот.

Граѓаните на Карпош ја препознаа искрената намера на оваа иницијатива и покрај постојаните напади и притисоци, на кои што континуирано сме изложени од страна на кавгаџијата Јакимовски.

Затоа граѓаните ја подржаа оваа иницијатива во огромен број.

Заклучно со денес на граѓанската иницијатива се потпишаа 7 350 граѓани на Карпош.

Наша обврска како советници во општината е заедно со граѓаните на Карпош да го сопреме расипничкото трошење на парите на граѓаните и преку оваа иницијатива истите наместо во ветер и магла, да завршат во цигли и малтер.

Почитувани граѓани, иницијативата за собирање на потписи продолжува и во наредните денови.

Ќе го посетиме секој дом во Карпош и заедно со Вас ќе понудиме голем број на неопходни проекти во кои што можат да се инвестираат овие 1 200 000 евра. Веќе 7 350 граѓани на Карпош јасно и гласно се против начинот на кој градоначалникот Јакимовски ги троши нивните пари.

Само на тој начин ќе успееме да го вратиме стариот сјај на Карпош, кој со ваквото расипничко однесување на Јакимовски, од ден на ден го губи приматот на нај урбана општина во Скопје.