03 March 2012

Нервозата и исплашеноста на Стевчо Јакимовски се резултат на нереализираните проекти

Почитувани,
Очигледна е нервозата и исплашеноста на г. Стевчо Јакимовски од фактот што граѓаните на Карпош препознаа дека тој неуспешно работи и не ги реализира проектите кои ги вети во програмата какви што се: аква парк, каскади и сплавови на Вардар, изградба на игралишта и паркови.
Никој не му е виновен на Стевчо Јакимовски што граѓаните масовно се побунија заради тоа што тој сакаше 1 200 000 евра да пласира за невладини организации во сомнителни постапки, наместо да гради игралишта, паркови и плоштади како што бараат граѓаните.
Тој самиот е виновен што ги потцени граѓаните на Карпош и за тоа е уплашен затоа што губи драматично.
И на Стевчо Јакимовски не му праќаат пораки ниту членови од СДСМ кои го напуштаат бродот на СДСМ во Карпош што тоне, а камоли од ВМРО-ДПМНЕ, како што во паника манипулира и дезинформира со вакви неинвентивни трикови кои не проаѓаат ни кај неговите најблиски соработници .
Се што кажа на пресот е неточно. Граѓанската иницијатива е исклучиво од граѓаните на Карпош, за граѓаните на Карпош кои што самите легитимно побараа 1 200 000 евра наместо да завршат во приватни џебови на сомнителни невладини организации да се употребат за изградба на паркови, игралишта, плоштади и останати потреби кои ќе се за сите граѓани.