31 March 2012

Лазаревски на состанок за меѓугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија

Во текот на вчерашниот ден заменик Министерот за локална самоуправа на Република Македонија г-дин Сашо Лазаровски присуствуваше на состанокот на заедничкиот Комитет за следење на програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија.
Тој во функција на ко-претседател на комитетот од Македонска страна оствари средба со ко-претседателот од Бугарската страна Николај Нанков заменик Министер за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија.
На состанокот присуствуваше и г-ѓа Ана Репуло Грау, претставник на Дирекцијата за регионална политика на Европската Унија.
На состанокот беа предложени проекти за финансирање во вредност од околу 9 милиони евра, чија главна цел е подобрување на квалитетот на животот во пограничниот регион.
За да погледнете слики од состанокот кликнете на следниот ЛИНК!

29 March 2012

Сашо Лазаровски во посета на Македонска Каменица

Заменик Министерот за локална самоуправа на Република Македонија г-дин Сашо Лазаровски во текот на денешниот ден беше во посета на Македонска Каменица. Таму оствари средба со Градоначалникот на Општината, г-дин Дарко Митевски од чија страна му беа презентирани бројните проекти на оваа општина.
Заменик Министерот продолжува со посетите на општините и во натамошниот период.

За да погледнете слики од посетата кликнете на следниот ЛИНК!

23 March 2012

Лазаровски во посета на Ресен

Во текот на денешниот ден заменик Министерот за локална самоуправа на Република Македонија г-дин Сашо Лазаровски во хотелот Royal L во с. Царев Двор, Ресен присуствуваше на презентација од резултатите од проектот „Изработка на студија заповрзување и промоција на манастирскиот туризам на Баба Планина“, имплементиран од Центарот за развој на Пелагонински планински туризам.
Тука заменик Министерот оствари и средба со градоачалникот на Општина Ресен г-динот Михаил Волкановски.
За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

22 March 2012

Бесплатни превентивни прегледи за граѓаните на Карпош

Во текот на денешниот ден заменик Министерот за локална самоуправа на Република Македонија Сашо Лазаровски заедно со Министерот за здравство Никола Тодоров го посетија пунктот за бесплатни превентивни прегледи во ТЦ Лептокарија.
Потоа г-динот Сашо Лазаровски имаше средба со градоначалникот на Општина Пробиштип г-дин Тони Тоневски.

За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

21 March 2012

Прес на Жозефина Гласновиќ

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ до сега преку граѓанската иницијатива за собирање на потписи за пренамена на буџетските трошења во Општина Карпош собра 13 485 потписи. Тоа значи дека 13 485 граѓани рекоа НЕ за банални проекти и трошоци кои ги прави Општината Карпош и Стевчо Јакимовски.
Гледајќи ја масовната поддршка од граѓаните и соочувајќи се со масовниот отпор кон недомаќинското работење, Стевчо Јакимовски, според нашите сознанија овие денови започна да ги тера вработените во Општинската администрација на Карпош да собираат потписи од граѓани за негова поддршка.

17 March 2012

Повторна средба со жителите на Бардовци

По минатонеделната средба со жителите на Бардовци на која жителите најмногу се пожалија на проблемите со катастарот, овој викенд беше направена една поголема работа средба на која на лице место се решаваа проблемите на граќаните!
На средбата присуствуваа заменик Министерот за локална самоуправа на Република Македонија, г-дин Сашо Лазаровски, директорите на републичкиот и скопскиот катастар, Љупчо Ѓорѓиевски и Славчо Трпевски, како и советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош.

13 March 2012

Граѓаните од Карпош масовно ја поддржаа нашата иницијатива

Почитувани граѓани на Општина Карпош,

Сакаме да искажеме голема благодарност на граѓаните на Општина Карпош што масовно се приклучија кон граѓанската иницијатива за пренамена на 1 200 000 евра од буџетот на општината, кои градоначалникот Стевчо Јакимовски планира да ги потроши на невладини организации, велат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општината.

11 March 2012

Средби во Бардовци и Злокуќани

Во текот на денешниот ден заменик Министерот за локална самоуправа на Република Македонија г-динот Сашо Лазаровски, заедно со Претседателот на Советот на Град Скопје г-ѓа Ирена Мишева, Пратеничките од Собранието на Република Македонија г-ѓите Косана Мазнева и Благородна Дулиќ, директорот на ЈП Водовод и канализација Тони Јаревски, советниците во Општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, директорот на скопскиот катастар за недвижности и други раководители на сектори во подрачни единици од разни институции одржаа средба со граѓаните на месните заедници Бардовци и Злокуѓани каде што ги слушнаа проблемите на локалните жители кои беа пред се од локален комунален карактер.
Потоа г-динот Лазаровски заедно со Премиерот Груевски, Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и други бројни функционери присуствуваше на означувањето на почетокот со обнова на улицата 1 Мај со што по нејзината реконструкција ќе прерасне во современ булевар со четири коловозни ленти.

10 March 2012

Средба со граѓани и промоција на автобуси

Во текот на денешниот ден заменик Министерот за Локална Самоуправа на Република Македонија г-дин Сашо Лазаровски, Градоначалникот на град Скопје г-дин Коце Трајановски, пратениците од Собранието на Р. Македонија Косана Мазнева и Благородна Дулиќ и директорот на ЈП Водовод и канализација Тони Јаревски остварија средба со жителите од долно Нерези во салата на Црквата Св. Пантелејмон.
На средбата граѓаните повеќе од час и половина поставуваа прашања до присутните функционери, иако доминираа прашањата поставени до градоначалникот Трајановски. Градоначалникот својата ажурност во решавањето на проблемите ја покажа со самото тоа што за еден од проблемите на жителите од Нерези веднаш излезе на терен со цел самиот да види што може да се направи за што поскоро решавање на истиот.
Потоа на паркингот од СЦ Борис Трајковски Премиерот Груевски симболично ги предаде во употреба на 68-те нови двокатни автобуси на Градоначалникот Трајановски.
Средбите продолжуваат и во наредните денови.
Линкови до:

09 March 2012

Низа проекти на Министерството за локална самоуправа

Министерството за локална самоуправа, спроведува проекти за намалување на невработеноста, но и други проекти за регионалниот развој и мерки што ги налага штедењето.


Заменик министерот за Локална самоуправа, Сашо Лазаровски, вели дека најбитен проект што го планира Министерството се 16те „Саеми на трудот“ што ќе се оддржат низ цела Македонија. Се планира во осумте плански региони да се оддржат по два во годината. МЛС на саемите ќе ги собира работодавците, невработените, општините и надлежните институции што ја водат економската политика на владата. На овие саеми ќе се најавуваат и инвестициите на територијата на општината.

07 March 2012

Поднесена претставка против Стевчо Јакимовски до антикорупциска комисија

Советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во општина Карпош поднесоа претставка до Државната комисија за спречување на корупцијата, се со цел да се преиспита работењето на градоначалникот Стевчо Јакимовски.

06 March 2012

Дали „Карпош урбан“ е општински или партиски весник?

Откако сфати дека нема никакви аргументи на негова страна, кавгаџијата Стевчо Јакимовски наместо да го прифати нашиот предлог за пренамена на 1 200 000 евра од буџетот на општината, кој планира да ги потроши на невладини организации, Јакимовски општинските пари започна да ги троши за лични и партиски потреби, истакна на денешната прес-конференција Цветанка Бајрактарова Мишевска, советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во советот на Општина Карпош.

04 March 2012

Граѓанска иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ за пренамена на средствата на Општина Карпош

Како што веќе најавивме од денес започнуваме со голема граѓанска иницијатива со која ќе бараме итна пренамена на над 1 200 000 евра средства од буџетот на Општина Карпош, кој годинава градоначалникот Стевчо Јакимовски планира да ги подели на поединци, наместо истите да ги инвестира во изградба на плоштади, паркови, игралишта и останати реални содржини кои ќе бидат од корист за граѓаните на Карпош.

03 March 2012

Нервозата и исплашеноста на Стевчо Јакимовски се резултат на нереализираните проекти

Почитувани,
Очигледна е нервозата и исплашеноста на г. Стевчо Јакимовски од фактот што граѓаните на Карпош препознаа дека тој неуспешно работи и не ги реализира проектите кои ги вети во програмата какви што се: аква парк, каскади и сплавови на Вардар, изградба на игралишта и паркови.