30 January 2011

Јакимовски и неговата партизирана администрација ја нарушуваат демократијата

Советничката во општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Жозефина Гласновиќ обвини дека Стевчо Јакимовски и партизираната администрација ја нарушуваат демократијата во општината.





-ВМРО-ДПМНЕ не врши притисоци и не се заканува врз граѓаните кои си го кажуваа своето мислење. Тоа го прават пајташите на локалниот политичар Стевчо Јакимовски. ВМРО-ДПМНЕ не атакува врз демократијата, тоа го правaт Стевчо Јакимовски и неговата партиска администрација, изјави Гласновиќ.

Таа обвини дека општинската администрација извршувала партиски активности на СДСМ, во период од денот кога треба да се на работното место во општината.

Што бараа на протестот: Евантија Стојановска – раководител на секторот за локален економски развој во Општина Карпош, член на градска организација СДСМ – Скопје, Даница Мартиновска, исто така вработена во Општина Карпош член во Кабинетот на градоначалникот Стевчо Јакимовски, Гордана Зафировска – раководител на сектор во Општината Карпош, инаку од 2005 до 2009 година поранешен Советник на СДСМ во Советот на Општината Карпош, посочи советничката од ВМРО-ДПМНЕ.

Гласновиќ истакна дека нема да дозволат цела општина да биде заложник на СДСМ и Стевчо Јакимовски и додаде дека се ќе сторат за гласот на народот во Карпош да биде слушнат.