Оваа 6-та година по ред, ние членовите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Општина Карпош традиционално на Христијанскиот празник Василица го посетуваме домот за стари лица „Мајка Тереза“ во Злокуќани.
Следејќи го она што го наложуваат нашите конзервативни вредности и христијански обичаи, првото утро од секоја нова година го поминуваме со старите лица од домот. Низ разговор, бараме совети и примаме критики, идеи и искуства за поуспешна работа во новата година. Оваа година на старите лица им подготвивме лепчиња со паричка, но им донесовме и други подароци во склад со нивните желби и потреби. Во консултација со вработените во домот годинава донесовме средства за лична хигиена, како и правосмукалка која им е потребнa за одржување на домот.
Со оваа посета годинава се одбележува и еден почеток на кампања на УМС Карпош насловена „Сите ние сме ваши деца“ која ќе се организира секоја зима во соработка со Комисијата за здравство при Општинскиот Комитет Карпош како и Комисијата за култура и конзервативни вредности при УМС Карпош.
Благоја Неделковски
Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ – ОК Карпош