Почитувани,
Политиката на груба партизација на администрацијата СДСМ ја практикува секаде каде што е на власт.
Пред краток период Заев јавно призна дека партизацијата ја прават и во Струмица, но и во Куманово, Охрид, Карпош, општини каде што СДСМ е на власт.
Еве што кажа Заев:
Видео:
Ако сме успеале сето ова време сите наши активисти да ги згрижиме со минимум по еден член од нивното семејство, сега поминавме во фази да ги згрижиме нивните братучеди. Се радувам што ваквите нови пракси кои што ги преминуваме во Струмица, во едно Охрид, во едно Куманово, во еден Карпош се пракса и на партијата.
Почитувани,
Во општина Карпош каде градоначалник е претседателот на градската организација на СДСМ Стевчо Јакимовски, токму партизацијата на администрацијата зема голем замав.
Во оваа општина се вработуваат пријатели, кумашини, роднини, братучеди, функционери и родени деца на функционерите од СДСМ.
Тука главниот збор има партиската припадност на СДСМ.
Во општина Карпош вработени се:
¨ Владо Поповски – сега секретар на Општина Карпош, а инаку поранешен Министер без ресор член на ЛДП – сега член на СДСМ
¨ Мирјана Георгиевска – Братучетка на Стевчо Јакимовски – раководител на сектор за финансии во Општина Карпош
¨ Јовица Тасевски – кум на Стевчо Јакимовски – вработен во Општина Карпош како државен службеник.
¨ Љупка Трајчевска – Ќерка на Градоначалникот на Крива Паланка од СДСМ,– вработена во секторот за образование
¨ Марјан Ивановски – Истакнат член на СДСМ од Крива Паланка (поранешен потсекретар во министерство за урбанизам)
¨ Мирјана Поповска – сопруга на поранешниот пратеник на СДСМ – Љупчо Поповски
¨ Љупчо Димов – поранешен Градоначалник на Општина Кисела Вода од СДСМ
¨ Горан Поповски – поранешен претседател на Совет на Општина Карпош од СДСМ
¨ Гордана Велковска – сопруга на Диме Велковски претседател на ОО на СДСМ – Аеродром
¨ Златко Чегар – претседател Млади, ОО на СДСМ – Карпош
¨ Кире Пановски – Претседател на МО на СДСМ
¨ Гордана Зафировска – Истакнат член на СДСМ и Советник во Општина Карпош од 2005 до 2009 година – раководител на сектор за урбанизам
- нејзиниот сопруг е вработен во Општина Карпош и одговорен за Месна Канцеларија Влае 2
¨ Слободан и неговиот син Благоја Павловски – Претседател на Месна Организација на СДСМ
¨ Стефанија Макаровска – Член на Извршен Одбор на СДСМ
¨ Душко Бужаровски – Член на Општински Одбор на СДСМ Карпош
¨ Маја Ралевска – Член на Општински Одбор на СДСМ Карпош
¨ Стојан Алексов – Член на Општински Одбор на СДСМ Карпош
¨ Евантија Стојановска – Член на градска организација СДСМ – Скопје
¨ Виолета Цветковска, вработена како портпарол на Општина Карпош инаку вмешана во аферата на СДСМ “ФАБРИКА”,
Претседатели на месни организации на СДСМ, вработени во месните канцеларии на општина Карпош:
- Елена Ѓурчилова
- Лидија Цацановска
- Мирче Блажевски итн...
Почитувани,
Вака работи СДСМ.
Ова не се измислени имиња, ова се реални работни места, кои се поделени по партискиот клуч на СДСМ.
Зоран Заев изјавува дека ќе јаде живи луѓе, а Стевчо Јакимовски вработува роднини и пријатели на функционери од СДСМ.
Единствено кадрите на СДСМ го имаат правото на работа во Општина Карпош. Жално е што СДСМ и Стевчо Јакимовски продолжуваат да го делат народот.
Ова ли е планот за реформи во администрацијата, за кои збори СДСМ?
И дали овие имиња кои претходно ги споменавме не се претставници на партизираната државна администрација за која говори СДСМ?
Добро ќе беше ако СДСМ наместо партиски вработувања, понудеше идеи, предлози и проекти од интерес на граѓаните.
Ви благодарам на вниманието.
Сашо Лазаровски
Претседател на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош
Сашо Лазаровски
Претседател на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош