10 January 2011

Јакимовски лаже и го кочи проектот за касарната Илинден!

Денес советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош одржа прес конференција, подоле следи текстот од истата.

Почитувани новинари

Тешка лага и манипулација е дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја кочи изградбата на станови за припадниците на АРМ.

Токму вчера познатиот манипулатор Стевчо Јакимовски повторно со вакви лаги се обиде да се извади за одолговлекувањето на реализацијата на еден многу значаен проект како што е проектот “АРМ мој вистински дом“.
Но што говорат фактите ?

Факт е дека по барање на Стевче Јакимовски прекина постапката за реализација на урбанистичкиот план за касарната Илинден и таа до ден денеска не е продолжена.
Факт е дека тој го закочи проектот и тој може да го откочи.
Факт е дека мнозинтсвото во Советот на општина Карпош го контролира Стевче Јакимовски и дека тој управува со скоро сите одлуки на Советот на Општината.

Сакаме да потенцираме дека одкако Стевче Јакимовски ја стопираше реализацијата на урбанистичкиот план поврзан со касарната Илинден, до него стигнаа стотина апели од наша страна, од страна на сите државни институции, Републичкиот Катастар, Министерството за Одбрана, Владата на Република Македонија, но Стевчо Јакимовски ги одби.
Одолеа и на апелите на самите војници.

Ние како советничка група пробавме безброј пати да го убедиме дека води погрешна политика на штета на припадниците на армијата. Пробавме со формални, но и со неформални средби со него, но Стевче не попушта.
Во месец Ноември поднесовме и формално барање за одржување на посебна седница на Советот на Општина Карпош, со единствена точка на дневен ред - Разгледување на состојбите и информација за реализација на урбанистичкиот план поврзан со касарната Илинден - Но што добивме ? Добивме седница на која имаше точки за све друго, само не за касарната Илинден, а послушниците на Стевче во советот до последно се бореа оваа тема да не се разгледува.

Јасно е како ден дека Стевчо Јакимовски и неговиот ментор Бранко Црвенковски се кочничарите на овој проект, но лудост е да се префрла вината кај советниците на ВМРО-ДПМНЕ. Смешно е НИЕ советниците на ВМРО ДПМНЕ да кочиме проект на Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Ние досега направивме се што можевме и денеска повторуваме дека како советничка група сме спремни веднаш да ги подржиме сите потребни одлуки во врска со овој проект и неговото продолжување.

Искрено веруваме дека Стевчо Јакимовски ќе го прифати овој наш предлог и ќе попушти во интерес на војниците на Армијата на Република Македонија.

Жозефина Гласновиќ
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош